економија, Балкан

Грција: Владата до Парламентот го достави предлогот за нови мерки на штедење

Предлогот од 900 страници текст кој Владата го поднесе до пратениците треба на Грција да ѝ обезбеди дополнителни 4.37 милијарди евра заштедени пари, а Парламентот за тоа ќе се изјасни в четврток

Ekipa  | 14.05.2017 - Обновена : 15.05.2017
Грција: Владата до Парламентот го достави предлогот за нови мерки на штедење

Atina

АТИНА (АА) - Грчката влада го достави до парламентот на усвојување новиот пакет-мерки за штедење во рамките на второто ревидирање на планот за финансиска консолидација, јавува Anadolu Agency (AA).

Грчкото Министерство за финансии соопшти дека на пратениците им е доставен владиниот предлог кој предвидува дополнително намалување на пензиите, зголемување на даноците и други мерки за штедење.

Посочувајќи дека новите мерки на штедење се неизбежни, министерството соопшти дека станува збор за поттикнување на дијалогот за создавање среднорочни и долгорочни планови за отплата на грчкиот долг.

Предлогот од 900 страници текст кој Владата го поднесе до пратениците, треба на Грција да ѝ обезбеди дополнителни 4.37 милијарди евра заштедени пари, а Парламентот за тоа ќе се изјасни на седницата во четврток.

Лимитот на платите треба да се намали за дополнителни 3.000 евра, а на годишно ниво треба да изнесува 5.681 евра.

Се предвидува поголемо намалување на пензиите, како и намалување на трошоците за невработеност, социјалните категории и борбата против природните катастрофи.

Новите владини мерки за штедење наидоа на големо негодување од страна на грчките граѓани, кои веќе најавија дека во среда ќе започнат со масовни протести во Атина и во другите градови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın