економија

Гувернерот на Кајсери во посета на Македонија: Бројни можности за економска соработка

„Со Македонија имаме надорешна соработка од 500 милиони долари. Можно е тоа повеќекратно да го зголемиме. Можно е сите потреби на Македонија да се задоволат од Кајсери

Furkan Abdula  | 21.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
Гувернерот на Кајсери во посета на Македонија: Бројни можности за економска соработка (Foto: Furkan Abdula/АА )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Гувернерот на областа Кајсери во Турција, Сулејман Камчи, во рамките на посетата на Македонија, се сретна со претседателот на МАТТО (Стопанска комора на Македонија - Турција), Ајдован Адемоски, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Скопје се одржа средба меѓу делегацијата од Турција предводена од Камчи, на која присуствуваше и пратеникот во Турскиот парлманет Исмаил Тамер и делегацијата на МАТТО.

Гувернерот Камчи изјави дека во посета на Македонија пристигнал со триесетчлена делегација.

Целта на посетата, како што изјави гувернерот Камчи е презентација на скијачките центри во Ерџијес Дагиндаг, во Кајсери.

„Кајсери има надворешна трговска размена од 3 милијарди долари. Можеме да кажеме дека Кајсери е центар за мебел во Турција. Ние сме област која произведува најголем број мебел за канцеларии и за дом. Затоа може да се каже дека Кајсери е трговски и индустриски град”.

Зборувајќи за соработката и обемот на трговијата со Македонија, Камчи рече: „На тоа поле со Македонија имаме надорешна соработка од 500 милиони долари. Можно е тоа повеќекратно да го зголемиме. Можно е сите потреби на Македонија да се задоволат од Кајсери. Можам да кажам дека увозот на целата стока што Македонија го прави од странство, можно е да го оствари со Кајсери”.

Претседателот на МАТТО, Адемоски го изрази своето задоволство од посетата на гувернерот Камчи и пратеникот Тамер.

„Кајсери за нас е многу значаен поради што е како што наведоа и претходните говорници, е еден од значајните индустриски градови во Турција”, изјави претседателот на МАТТО Адемоски.

„Со потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција, работиме на програмата какви инвестиции можеме да направиме во Турција и доведување на сериозни инвеститори од Турција во Македонија”, рече Адемоски, истакнувајќи дека во таа насока се планира економски развој кој ќе донесе нови вработувања во Македонија.

Пратеникот во Турскиот парламент од АК партија, Исмаил Тамер изјави дека Кападокија е оддалечена само 80 километри од Кајсери, што на Кајсери му дава значење на важен туристички град.

„Планината Ерџијес е важен туристички и скијачки центар. Има ски-патеки во должина од 200 километри, кои работат без престанок. Во исто време има хотели со 5 ѕвезди. Во летниот период е место за камп на фудбалски тимови”, рече Тамер.

Гувернерот Камчи, во рамките на посетата на Македонија се сретна и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.