економија

Економските односи, гарант за турско-германското партнерство

Информациите до кои дојде Anadolu Agency (АА) покажуваат дека билатералните економски и трговски односи на Турција, во однос на другите земји, се најчести токму со Германија

Zeynep Akyıl, Ayşenur Sağlam  | 25.07.2017 - Обновена : 27.07.2017
Економските односи, гарант за турско-германското партнерство

Ankara

Анкара (AA) - ЗЕЈНЕП АКЈИЛ/АЈШЕНУР САГЛАМ -

Економските односи меѓу Турција и Германија, кои се потпираат на долга историја, ги поттикнуваат на соработка овие две земји во повеќе области.

Информациите до кои дојде Anadolu Agency (АА) покажуваат дека билатералните економски и трговски односи на Турција, во однос на другите земји, се најчести токму со Германија.

Германија е најважниот трговски партнер на Турција и земја во којашто најмногу се извезува. Извозот во Германија во 2016 година беше зголемен за 4,4 отсто, и изнесуваше 14.004.848.000 долари. Споменатиот износ сочинува 9,8 отсто од извозот на Турција. Кога станува збор за увозот, Германија е на второто место, веднаш зад Кина. Увозот од Германија минатата година се зголеми за 0,6 отсто, и изнесуваше 21.473.789.000 долари.

Извозот во оваа земја, до мај годинава изнесуваше 1,237 милијарди долари, а пак увозот изнесува 1,816 милијарди долари.

Околу 90 отсто од извозот на Турција во Германија го сочинуваат индустриските производи, а десет отсто земјоделските и прехранбените производи. Околу 98 отсто од увозот го сочинуваат индустриските, а два отсто земјоделските производи.

Од друга страна, пак, минатата година странските директни инвестиции во Турција изнесува 12,1 милијарда долари, што создаде капитал од 6,7 милијарди долари.

Кога станува збор за капиталот, со 961 милион долари, на првото место се најде Обединетото Кралство. Капиталот од Германија, која се наоѓа на третото место, во Турција се зголеми за 21,1 отсто и изнесува 430 милиони долари.

Во бројот на компании со странски капитал минатата година, на прво место, со 399 компании се најде Германија.

Покрај тоа, до крајот на април оваа година, во Турција се забележани 54.992 активни компании со странски капитал.

Германските компании во производниот сектор најмногу се заинтересирани за производство на храна, текстил, хемиски производи, електроника и средства за превоз.

Покрај тоа, германските инвеститори ги привлекува и секторот на услуги, поточно, трговијата, туризмот, банкарството и слично.

Доколку продолжат добрите односи меѓу двете земји во следните две години, бројот на турските инвеститори во Германија ќе достигне 160 илјади, а обемот на инвестициите 15 милијарди евра.

Податоците на турското Министерство за култура и туризам покажуваат дека минатата година земјата ја посетиле 25,4 милиони странци, од кои поголемиот дел, односно 3.890.000 од нив биле од Германија. Тој број во 2015 година изнесувал 5,6 милиони. Во првите пет месеци од оваа година, Турција ја посетиле 863.572 германски државјани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.