економија

Значително зголемен извозот од Турција во Катар

Извозот во Катар во јуни, месецот кога почнаа да се применуваат санкциите, во споредба со претходниот месец, се зголеми за 53,5 отсто, и достигна до 53,5 милиони долари

Erdal Çelikel  | 22.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Значително зголемен извозот од Турција во Катар

Ankara

АНКАРА (АА) - ЕРДАЛ ЧЕЛИКЕЛ - Извозот на турските прехрабрени производи во Катар, кој е цел на политички и економски санкции од некои заливски земји, позитивно влијаеше врз трговската размена. Извозот во Катар во јуни, месецот кога почнаа да се применуваат санкциите, во споредба со претходниот месец, се зголеми за 53,5 отсто, и достигна до 53,5 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Зближувањето на Турција и Катар по применувањето на санкциите од почетокот на јуни па досега, ги забрза трговските односи. Во последниот период направени се голем број официјални посети на министерско ниво од Катар во Турција. Забрзувањето на односите позитивно рефлектираше и во бројките на надворешната трговија.

Според податоците кои ААА ги доби од Советот на извозници на Турција, извозот на Турција во Катар во јуни, месец кога почнаа да се применуваат санкциите, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 53,5 отсто, и достигна до 53,5 милиони долари.

Прехранбените производи се во преден план вo извозот. Продажбата на свежо овошје и зеленчук се зголеми за 32,5 пати, односно од 30.000 долари се зголеми на 975.000 долари. Во овој период извозот на морска храна и производи од животинско потекло се зголеми за 10 пати, односно од 1.306.000 долари се зголеми на 13.006.000 долари. Продажбата на житните култури и мешунки се зголеми за 1,7 пати, односно од 1.601.000 долари се зголеми на 2.662.000 долари.

- Можност и за градежниците

Зближувањето со Катар кој е седмиот пазар на глобално ниво, а трет пазар на Блискиот исток каде турските градежни изведувачи се активни, се очекува да создаде нови можности за овој сектор.

Одлуктие на Катар за суспендирањето на работите на компаниите од земјите кои применуваат санкции врз Катар, како и спречување на нивното учество во нови тендери, се сметаат како позитивен развој за турските изведувачи кои работат во оваа земја.

Според податоците на Сојузот на градежните изведувачи на Турција, турските компании во Катар во период од 2000 година до јуни 2017 година направиле 128 проекти во износ од 14,1 милијарда евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın