економија

Иванов додели Орден за заслуги за Македонија на НБРМ

Говорејќи за нејзината важност како државна институција, претседателот Иванов рече дека Народната банка на Република Македонија е еден од столбовите на функционалната и компетитивна македонска пазарна економија

Admir Fazlagic  | 19.10.2016 - Обновена : 20.10.2016
Иванов додели Орден за заслуги за Македонија на НБРМ ( Vedat Abdul - Anadolu Agency )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов вечерва додели Орден за заслуги за Македонија на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), на свеченоста по повод одбележувањето на јубијелот - 70 години центалнобанкарски активности во Република Македонија јавува Anadolu Agency (AA).

Во својот говор македонскиот претседател Иванов рече рече дека орденот претставува признание за сите поединци кои се вкучиле во градењето и во развојот на Народната банка во изминатите седум децении, а како што рече, со тоа и на македонската економија.

„Народната банка треба да продолжи, како и досега, да спроведува мудра, домаќинска и независна монетарна политика што ќе ги следи државните интереси. Да продолжи да биде столб на макроекономската стабилност на независна и суверена Република Македонија. Со транспарентна политика, да биде гарант на основната улога на финансискиот сектор. А тоа е да ја поддржува реалната економија, да создава услови за нови работни места, стоки и услуги што ќе ги задоволуваат реалните потреби на граѓаните. И со тоа, да придонесе за просперитет, благосостојба и напредок за македонските граѓани, македонската економија и македонската држава", рече претседателот Иванов.

Говорејќи за нејзината важност како државна институција, претседателот Иванов рече дека Народната банка на Република Македонија е еден од столбовите на функционалната и компетитивна македонска пазарна економија.

„Во своето седумдецениско постоење и делување таа мина бројни предизвици ја оправда довербата на граѓаните. Поради сето тоа, како претседател на Република Македонија, чест ми е да ѝ се заблагодарам на Народната банка со Орден за заслуги за Македонија", потенцираше македонскиот претседател.

Меѓу другото, нагласи претседателот Иванов, одренот е израз на желбата за остварвуање на сонот за членство Европската Унија на Република Македонија.

„Како суверена држава, ние се гордееме со денарот. Сепак, не би ни пречело ако еден ден македонскиот денар се претопи во европската валута ‒ еврото. И со тоа целосно да се оствари сонот за рамноправно членство на Република Македонија во Европската Унија. Да бидеме дел од единствениот европски пазар. Посакувам тоа да се постигне до наредниот голем јубилеј, кога ќе славиме 80 години од македонското централно банкарство", рече претседателот Иванов.

На свеченоста се обрати и гувернерот на НБРМ Димитар Богов, кој изрази задоволство што токму во неговиот мандат Народната банка е одликувана со Орденот на заслуги за Македонија, истакнуваји дека го смета за признание на сите заслужни личности што се вградиле во нејзиниот досегашен развој.

„Ова одлуквање е големо признание за целокупната досегашна работа на Народната банка. Тоа е силна потврда за капиталниот придонес што Банката со децении наназад го остварува за државата како носечка институција на монетарниот поредок и клучен стожер на макроекономската стабилност", рече гувернерот Богов.

Тој рече и дека НБРМ во изминатите седум децении помина низ различни фази на трансфорамција и еволутивен развој, а со конституирањето на независна Македонија и прогласувањето на монетарната самостојност, таа дефинитивно се конституира како институција носител на сите функции на една современа централна банка.

„Народната банка веќе 20 години успешно ја одржува ценовната стабилност во македонската економија преку одржување стабилен девизен курс. Стапката на инфлација во изминатите 20 години изнесува во просек околу 2 проценти што е ниво вообичаено за развиените економии и не вбројува меѓу најуспешните земји во транзиција. Успешно се одржува и финансиската стабилност преку промовирање здрав стабилен и конкурентен банкарски систем кој што успшешно им пркоси на предизициците и испорачува здрав кредитен раст. Со оставрувањето на овие две цели Народната банка остварува најдобри услови за економски раст и со тоа му служи на развојот на македонското општество", потенцираше гувернерот Боогов.

На свеченоста која се одржа во просториите на НБРМ по повод 70. годишина од нејзиното постоење присуствуваа бројни личности од општествено-политичкиот живот, меѓу кои претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, министерот за финансии Кирил Божиновски, академици, претставници на институциите од финансискиот сектор и други.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.