економија

ИКЕА под истрага од страна на Европската Унија за даночно затајување

Европската комисија наведува дека Интер ИКЕА дошла до неовластени даночни олеснувања и бенефиции преку двајца холандски даночни службеници

Handan Kazancı  | 18.12.2017 - Обновена : 19.12.2017
ИКЕА под истрага од страна на Европската Унија за даночно затајување АА/Архива

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија започна истрага во врска со обвинувањата за недозволените даночни затајувања кои глобалниот ланец за производство и продажба на мебел ИКЕА ги ужива во Холандија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека Интер ИКЕА, една од двете групи синџири, дошла до неовластени даночни олеснувања и бенефиции во 2006 и 2001 година преку двајца холандски даночни службеници.

„Сите компании, вклучувајќи ги и малите и големите, мултинационалните компании но и оние кои не се мултинационални, треба да ги плаќаат своите даночни обврски“, порача европската комесарка за конкурентни прашања Маргарет Вестагер.

Истакнувајќи дека е неприфатливо одбрани компании да добијат можност да ги намалат даноците за да остварат поголем профит, комесарката Вестагер рече дека истрагата за случајот Интер ИКЕА во Холандија ќе се спроведе внимателно.

ИКЕА е основана во Шведска во 1943 година, денес има седиште во Холандија и работи во најмалку 40 земји во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın