свет, економија

Истражување: Шпанците повеќе загрижени за невработеноста отколку за Каталонија

66,2 отсто од испитаниците ја окарактеризирале невработеноста, која е на второ место во Европа, како најголема грижа

Ekipa  | 07.11.2017 - Обновена : 08.11.2017
Истражување: Шпанците повеќе загрижени за невработеноста отколку за Каталонија Фото: Илустрација

Madrid

МАДРИД (АА) - Најновата анкета спроведена од страна на шпанската Влада покажа дека независноста на Каталонија е втората причина за загриженост на Шпанците, по невработеноста, а пред корупцијата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Каталонската сепаратистичка влада одржа забранет референдум за независност на 1. октомври, што ја продлабочи внатрешната политичка криза во Шпанија.

Подоцна, регионалниот парламент прогласи независност од Шпанија, а централната влада активира мерки со кои ја распуштија каталонската влада и целосно ја презеде контролата над регионот. Но, ова се случи во периодот по спроведеното истражување.

Според анкетата на Центарот за социолошки истражувања, 29 проценти од испитаниците ја идентификуваа можноста за независност на Каталонија како еден од трите главни проблеми, за разлика од 7,8 отсто во септември, кога ова прашање беше на деветтото место според нивото на загриженост.

Дури 66,2 отсто од испитаниците ја окарактеризирале невработеноста, која е втора по големина во Европа, како најголема грижа, додека корупцијата и измамите се на трето место.

Центарот за социолошки истражувања анкетираше 2.487 шпански граѓани, со можност за грешка до два процента, а анкетата беше спроведена од 2 до 11 октомври.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.