Турција, економија

Посетата на Ердоган на Полска во фокусот на бизнис заедницата

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 16 и 17 октомври, ќе оствари официјална посета на Полска, заедно со делегација која ја сочинуваат министри и бизнисмени

Bahattin Gönültaş  | 16.10.2017 - Обновена : 17.10.2017
Посетата на Ердоган на Полска во фокусот на бизнис заедницата

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 16 и 17 октомври ќе оствари официјална посета на Полска, заедно со делегација која ја сочинуваат министри и бизнисмени. Се очекува за време на посетата да бидат разгледани опциите за зајакнување на трговските врски меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на советот на Одборот за надворешни економски односи (DEIK) меѓу Турција и Полска, Кемал Ѓулерјуз, за АА изјави дека Полска за Турција претставува најзначаен трговски партнер од Средна Европа.

Ѓулерјуз истакна дека за турските фирми и инвеститори, Полска поседува важен потеницијал од аспект на земја погодна за странски инвестиции и земја која има поддршка од ЕУ. Тој додаде дека од 2000 година досега, обемот на трговската размена меѓу двете земји постојано се зголемува.

Ѓулерјуз истакна: „Министерството за економија верува дека во периодот кој престои, трговската размена во извозот и инвестиционата поддршка ќе се искачи на уште повисоко ниво”.

За активностите на поголемиот дел од турските фирми лоцирани во Полска кои се занимаваат со текстил и текстилни производи, секторот за недвижности, со трговија на мало и на големо, Ѓулерјуз рече:

„Во Полска постојат големи можности за спроведување на големи проекти, особено на полето на градежништвото, потоа телекомуникациите, хотелиерството, болниците и бизнис-центрите. Полска до 2020 година треба да ги искористи распределените финансиски средства од ЕУ како поддршка за развој на човечките ресурси, развој и реновирање на технологијата, заштита на околината и модернизација на замјоделството. Овој вид активности за реновирање и развој во Полска се значајна можност за турските фирми”.

Ѓулерјуз истакна дека една од целите на претседателот Ердоган во рамките на посетата на Полска е за време на работниот форум да се зацврстат врските во трговијата и инвестициите и односите меѓу двете земји. „Верувам дека за претставниците од бизнис заедницата на двете земји овој форум ќе создаде платформа која ќе даде свој придонес за развивање на економските односи меѓу двете земји. Како и насекаде, и за инвестициите во Полска треба да се гледа на долги патеки. Потребно е да се одвои време за заемна доверба”.

- Целите на Турција се можност за Полска -

Копретседателот на работниот совет на Полска и Турција, Дриуш Олешчук, рече дека турската економија е една од најбрзо растечките економии во светот и истакна дека тој податок создава можности за полските бизнисмени.

Давајќи слободна проценка за периодот кој следи, Олешчук истакна дека очекува турската економија да покаже стабилен раст од најмалку 3 до 4 стапки годишно, и додаде:

„Турција е една од 20-те најголеми економии во светот и до 2013 година планира да влезе меѓу првите 10. Таа цел се базира врз зголемениот извоз и соработката со странските партнери. Таквата состојба им нуди значајни можности на фирмите од Полска. Полско-турската трговија многу забрзано расте. Експертите истакнуваат дека е можно трговската размена во блиско време да достигне 10 милијарди евра”.

Олешчук посочи дека за Полска, најатрактивни дестинации за инвестиции се земјите од Средна и Источна Европа. „Според последниот годишен извештај на Светската банка за 'Лесно водење на бизнис', Полска се наоѓа во групата земји на Организацијата за економски развој и соработка (OECD) со висок приход во која е забележано најлесно водење бизнис. Овие фактори и стратегијата на земјата се значајни фактори за компаниите кои сакаат да им пристапат на земјите од ЕУ”, рече Олешчук.

Олешчук истакна дека полската влада смета оти е потребна конкурентност на полето на воздухопловството, индустријата за оружје, автоделови, бродската индустрија, информатичката технологија, хемиската индустрија, индустријата за мебел и храна, додавајќи дека овие сектори нудат долгорочни деловни можности за турските компании.

- Обемот на надворешната трговија во последните 10 години двојно се зголеми -

До 2004 година полско-турските трговски врски се одвиваа во рамките на трговскиот договор од 23 април 1974 година и Договорот за слободна трговска размена од 4 октомври 1999 година, по што трговските врски меѓу Турција и Полска започнаа да се одвиваат во рамките на Царинската унија.

Полската економија која успеа да ја сочува својата стабилност за време на кризата која ја зафати ЕУ, има економија со големина од 500 милијарди долари. Во ЕУ таа е шеста економија по големина, а со своите 14 посебни економски подрачја и субвенции нуди најразлични можности за странски инвестиции.

Полска од 2007 година досега успеа да привлече директни странски инвестиции во висина од 123 милијарди долари. Дел од причините за привлекување на странскиот капитал во Полска се: земјата е членка на ЕУ и се наоѓа во Централна Европа, има квалификувана работна сила, присуство на голем број бизниси подготвени за соработка со големи компании, истражувачко-развојна работа, добро насочени државни помагала и технички паркови подготвени за соработка со универзитети.

Полска има околу 40 милиони жители, а бруто националниот приход по лице изнесува 12.500 долари. Стапката на раст во Полска изнесува 3 отсто, додека процентот на инфлацијата е 1 отсто. Невработеноста во Полска изнесува околу 8 отсто.

Секторот за услуги зазема 62,9 проценти од бруто домашниот производ на Полска, индустријата е застапена со 34,5, додека земјоделството и сточарскиот сектор заземаат 2,6 отсто.

Минатата година, вкупниот обем на надворешна трговија на Полска изнесуваше околу 400 милијарди долари, од кои 6 милијарди се од трговијата со Турција, што претставува двојно зголемување во однос на трговијата меѓу двете земји во 2006 година.

Минатата година извозот на Турција во Полска спордено со една година претходно е зголемен за 13,8 отсто и изнесуваше 2,6 милијарди. Минатата година увозот на полски производи во Турција спореден со 2015 година е зголемен за 9 отсто и изнесуваше 3,2 милијарди долари.

Во првите 9 месеци од оваа година, Турција во Полска, споредено со истиот период минатата година оствари намален извоз за 1 отсто, односно 1,9 милијарди долари. Увозот од Полска во Турција, спореден со истиот период минатата година е намален за 10 отсто и изнесува 2,1 милијарди долари.

Меѓу најзначајните елементи на извозот на Турција во Полска се текстилот и готовата гардероба, моторните возила, машини и апарати, летно овошје и зеленчук, накит, тутун и бела техника.

Главни производи кои Турција ги увезува од Полска се моторните возила, камен-јаглен, машини, хемиски производи, козметика, мебел, чоколади и бомбони.

Според податоците од Министерството за економија на Турција, извозот и увозот на Турција во Полска и обратно во последните неколку години е следен:

ГодинаИзвозИзменаУвозИзменаВкупен обемБиланс
(отсто)(отсто)
20061.060.07827,61.436.58615,42.496.665-376.508
20071.436.40235,51.646.23214,63.082.634-209.829
20081.586.77210,51.977.85220,13.564.623-391.080
20091.321.118-16,71.817.093-8,13.138.211-495.975
20101.504.28013,92.620.95644,24.125.237-1.116.676
20111.758.25216,93.496.18933,45.254.441-1.737.937
20121.853.7005,43.058.078-12,54.911.778-1.204.379
20132.058.85711,13.184.5334,15.243.390-1.125.675
20142.401.68916,73.082.128-3,25.483.817-680.438
20152.329.283-32.977.662-3,45.306.945-648.379
20162.650.89613,83.244.18395.895.079-593.287
2016/9 месеци1.992.226182.346.64174.338.867-354.414
2017/9 месеци1.974.946-12.118.774-104.093.721-143.828
Извор: Министерство за економија на Турција









На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.