економија

Премиерот Заев на средба со високи претставници на Светска банка

На средбата било оценето дека завршувањето на политичката криза и реформските политики на Владата отвораат нови можости и перспективи за Македонија

Admir Fazlagic  | 13.07.2017 - Обновена : 13.07.2017
Премиерот Заев на средба со високи претставници на Светска банка (Foto: Press sluzba na Vlada na Republika Makedonija)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вчера се сретна со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка- Вашингтон, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на прес службата на Владата на Република Македонија, високите претставници на Светска банка изразиле поддршка на новата влада во земјава. На средбата било оценето дека завршувањето на политичката криза и реформските политики на Владата отвораат нови можости и перспективи за Македонија.

„Поради ова, Светска банка изрази подготвеност да помогне на Владата во заложбите за нови работни места, добра бизнис клима, инвестиции. Се разговараше за поддршка на Светска банка преку системот за менаџирање на јавни финансии и компетитивност на економијата", се наведува во соопштението.

Премиерот Заев соопшти дека врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој.

„Владата е силно посветена сите граѓани да почувствуваат бенефит од економскиот развој. Целта ни е добар животен стандард за сите. Затоа Владата ќе ја зголеми поддршката за домашните претпријатија, а создаваме услови и за реални странски инвестиции" рече премиерот Заев.

Тој најави покачување на минималната плата од септември и фер даночен систем, за да се намалат социјалните разлики во државата. А за стабилна бизнис клима, премиерот соопшти дека се планирани реформи со цел да се обезбедат независно судство и продесионални институции.

На средбата, претставниците на Светска банка ја поздравија определеноста на премиерот Заев и на Владата за поддршка на регионалниот развој како важен услов за економскиот развој на Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.