економија, Балкан

Претставен нацрт-законот за енергетика

Македонскиот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, на средба со новинарите открија нови детали за новиот нацрт-закон за енергетика

Bekim Laci  | 11.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Претставен нацрт-законот за енергетика Bunjamin Kurtishi/АА

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Македонскиот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, на средба со новинарите открија нови детали за новиот нацрт-закон за енергетика, за кој денеска започна јавна дебата, а во негови рамки е предвидено да се либерализира пазарот во согласност со препораките на ЕУ, јавува Anadolu Agency (АА).

Како што објаснија владините претставници, Македонија во 2014 година вети дека ќе го усвои законот за енергетика, но тој не е одобрен, а земјата е подложена на одредени санкции на Европската Унија, како блокирање на пристапот до фондовите на ЕУ. Се предвидува дека неодобрувањето на законот ќе значи неможност за користење на средствата од ИПА-фондовите на Европската Унија, кои достигнуваат износ од околу 300 милиони евра, со учество од 70 милиони евра за пругата со Бугарија.

На заедничката прес-конференција, министерот Бектеши објасни дека со новиот Закон за енергетика, Владата на граѓаните им го враќа основното право за избор, со коешто тие ќе бидат во можност да изберат од кого ќе се снабдуваат со електрична енергија, што значи, според него, крај на сегашниот монопол и на диктираната цена.

„За нашите граѓани, отворањето на пазарот значи можност за избор, а со тоа и поконкурентни цени. Затоа како влада гарантираме дека цената на електричната енергија нема да се зголеми. За неспроведување на обврските имавме две тужби кои со донесувањето на законот ќе бидат анулирани“, рече Бектеши.

Од друга страна, Анѓушев рече дека Македонија доби шанса да го одобри законот конечно во јуни 2018 година, и додаде дека до крајот на годината, тој ќе ги помине владините процедури за да прејде во редовна собраниска процедура.

„Граѓаните ќе имаат избор, ќе им се гарантира правото да изберат кој било енергенс и за кој било снабдувач кои ќе бидe регистрирани во РМ, без оглед дали станува збор за нафта, гас, електрична енергија или друг енергенс. Ќе бидат надминати постојните конфликти на интереси којшто постојат денес во енергетското живеење во РМ, во делот на гасот и електричната енергија, каде што ќе се задоволат сите директиви на ЕУ за енерегетика“, изјави Анѓушев.

Тој објасни дека законот е усогласен со Енергетската заедница, која помогна законот да биде усогласен со законодавството на ЕУ. Според предвидувањата на Анѓушев, законот ќе биде усвоен во првата половина на годината, а потоа следува деветмесечен подготвителен период за либерализација на пазарот, што ќе се случи на крајот од 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın