економија

Приходите од четвртиот квартал на „Амазон“ се зголемени за 38 проценти

Компанијата оствари приход од 60,5 милијарди долари во четвртиот квартал од минатата година

Övünç Kutlu  | 02.02.2018 - Обновена : 03.02.2018
Приходите од четвртиот квартал на „Амазон“ се зголемени за 38 проценти

New York

ЊУЈОРК (AA) - Гигантската компанија „Амазон“ за е-трговија соопшти дека приходите во четвртиот квартал од минатата година се зголемиле за 38 отсто во споредба со истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на „Амазон“ е наведено дека приходите во четвртиот квартал од 2017 година изнесуваат 60,5 милијарди долари, што претставува зголемување од 38 отсто во однос на истиот период, претходната година. Компанијата оствари приход од 43,7 милијарди долари во периодот октомври-декември 2016 година.

Нето-добивката на „Амазон“ од 749 милиони долари во последниот квартал од 2016 година достигна 1,9 милијарди долари во истиот период минатата година, а новиот Закон за даночни реформи што американскиот претседател, Доналд Трамп, го потпиша во декември, обезбеди 789 милиони долари за компанијата.

Во соопштението е истакнато дека во првиот квартал од оваа година, приходите на компанијата се проценуваат меѓу 47,7 и 50,7 милијарди долари, а нето-добивката се очекува да изнесува помеѓу 300 милиони долари и 1 милијарда долари.

Акциите на „Амазон“ се искачија на 1448 долари, и покрај фактот што њујоршката берза денес загуби 4,2 отсто за време на тргувањето.

Покрај тоа, акциите на компанијата добија премија од 26 отсто во последните 3 месеци.

Додека „Амазон“ е четврта највредна компанија во светот, со пазарна вредност од околу 670 милијарди американски долари, основачот и извршен директор Џеф Безос е на прво место на листата најбогати милијардери во светот, со богатство од 115,7 милијарди долари.

Според вчерашниот извештај „Највредните 500 марки во светот - Global 500 2018“, на меѓународната фирма за вреднување „Brand Finance“, „Амазон“ е највреден бренд во светот со вредност од 151 милијарда долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın