свет, економија

Саудиска Арабија, најголем извозник на нафта во 2016 година

Со 59 милиони тони, Јапонија е најголем купувач на нафта од Саудиска Арабија, a потоа следат САД и Кина

Zeynep Beyza Kılıç  | 27.06.2017 - Обновена : 28.06.2017
Саудиска Арабија, најголем извозник на нафта во 2016 година

Ankara

АНКАРА (АА) - ЗЕЈНЕП БЕЈЗА КИЛИЧ - Со извезени 375 милиони и 300 илјади тони сурова најфта, Саудиска Арабија е земја што направила најголем извоз на сурова нафта во светот во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците до коишто дојде АА од извештајот на „Светски енергетски статистики БП“, во светската нафтена трговија минатата недела во споредба со претходната година е забележан пораст од 4 отсто, односно таа е зголемена на 2 милијарди 117 милиони и 800 илјади тони.

Минатата година, Саудиска Арабија го зголеми извозот на нафта за 4,5 отсто во споредба со претходната година, односно го зголеми извозот на 375 милиони и 300 илјади тони. Со тоа, Саудиска Арабија стана земја којашто најмногу извезувала нафта во светот во 2016 година.

Со 59 милиони тони, Јапонија е најголем купувач на нафта од Саудиска Арабија. Оваа земја ја следат Соединетите Американски Држави (САД) со 54 милиони и 800 илјади тони увезена нафта. Кина со 51 милион тони стана трета земја што најмногу купува нафта од Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија во глобалниот извоз на нафта ја следат Русија со 274 милони тони и Ирак со 177 милиони и 500 илјади тони.

САД со 393 милиони и 300 тони увезена нафта е земја што има увезено најмногу нафта во 2016 година. По нив следуваат Кина со 382 милиони и 600 илјади тони, и Индија со 212 милиони и 300 илјади тони.

- Саудиска Арабија, лидер и во производството на нафта -

Минатата година Саудиска Арабија беше земја со најголемо производство на нафта, односно 585 милиони и 700 илјади тони. По неа следуваат Русија со произведени 554 милиони и 300 илјади тони и САД со произведени 543 милиони тони.

Минатата година е забележан пораст од 0,5 отсто во однос на претходната година во производството на нафта во светот, односно забележано е зголемување на 4 милијарди и 382 милиони тони. Побарувачката на нафта со 1,7 отсто пораст се зголеми на 4 милијарди 418 милиони и 200 илјади тони.

САД со 863 милиони и 100 илјади тони се земја со најголема потрошувачка на нафта. По нив следуваат Кина со 578 милиони и 700 илјади тони, и Индија со 212 милиони и 700 илјади тони.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.