економија

Светската банка одобри кредит од 400 милиони долари за ТАНАП

Проектот ТАНАП планира да започне со работа во 2018 година, со почетен капацитет за пренос на 16 милијарди кубни метри азербејџански гас

Hüseyin Erdoğan  | 17.01.2017 - Обновена : 18.01.2017
Светската банка одобри кредит од 400 милиони долари за ТАНАП

Ankara

АНКАРА (АА) - Светската банка потпиша финансиски договор во износ од 400 милиони долари со азербејџанската Влада за проектот за транс-анадолискиот гасовод (ТАНАП), беше соопштено од канцеларијата на банката во Баку доцна синоќа, јавува Anadolu Agency (AA).

Кредитниот договор со период од 30 години беше потпишан од страна на регионалниот директор на Светската банка за Јужен Кавказ, Европа и за Централна Азија, Мерси Тембон, и од директорот на компанијата Јужен гасен коридор (SGC), Афган Асајев.

Во име на Владата на Азербејџан, министерот за финансии Самир Шарифов исто така потпиша како гарантна страна.

Генералниот директор на ТАНАП, Салтук Дузјол, во интервју во декември беше изјавил: „Падот на светските цени на нафтата и ниските цени на производите, исто така, даваат можност проектот ТАНАП да го намали својот буџет и да заштеди до 3,2 милијарди долари. Првично, инвестицискиот буџет за ТАНАП беше проценет на 11,7 милијарди долари, но со помош на ниската цена на нафтата, го намаливме нашиот буџет на 8,5 милијарди долари“.

Проектот ТАНАП планира да започне со работа во 2018 година, со почетен капацитет за пренос на 16 милијарди кубни метри азербејџански гас преку Грузија, до Турција. Шест милијарди кубни метри ќе бидат наменети за домашна потрошувачка на гас во Турција, а остатокот ќе биде за пренос во Грција, Албанија, Италија и понатаму во Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın