економија

Се спроведува проектот за запознавање со новите мерки на ИПАРД

Претставничката на секторот на Министерството за земјоделство, Билјана Костовска, рече дека во текот на спроведувањето на проектот, консултанти-експерти од европските земји ги пренесоа своите искуства во Македонија за примената на овие нови мерки.

Besar Ademi  | 27.07.2016 - Обновена : 28.07.2016
Се спроведува проектот за запознавање со новите мерки на ИПАРД

Skopje
СКОПЈЕ (АА) – Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија се одржа завршниот настан за проектот „Запознавање со новите ИПАРД мерки (Лидер и советодавни услуги)", кој се спроведуваше 18 месеци, со поддршка од 908.750 евра од Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).

Проектот имаше за цел поефикасно управување и спроведување на програмата ИПАРД 2, како и подготовка на земјата-корисник за реализација на лидерски и советодавни услуги.

Претставничката на секторот на Министерството за земјоделство, Билјана Костовска, рече дека во текот на спроведувањето на проектот, консултанти-експерти од европските земји ги пренесоа своите искуства во Македонија за примената на овие нови мерки.

„Во моментов имаме изготвени две нови мерки, предлог, коишто се на усогласување со службите на Европската комисија. Откако ќе ги добиеме и финалните верзии на мерките, тогаш можеме веќе да пристапиме кон процесот на акредитација, кој е еден посебен процес, каде што сите институции што се надлежни за спроведување на ИПАРТ треба да изготват процедури и разни типови документи коишто понатаму Европската комисија ги акредитира“, рече Костовска.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ, Оливие Маес, истакна дека спроведувањето на новите мерки им го олеснува пристапот до ИПА фондовите на земјоделците во земјата.

„Мерката ‘ИПАРД лидер’ е многу позната во Европа. Ова ги поддржува засегнатите страни во развојот на руралните средини, нивните стратегии, како и спроведувњето на проектите за развој. ‘Лидер’ значи вклучување на населението во развојот на руралните територии и промовирање на демократијата на локално ниво. Ова е причината зошто оваа мерка е толку важна за европската перспектива“, истакна Маес.

Во рамките на проектот исто така беа реализирани активности за институционално зајакнување на Платежната агенција и Агенцијата за поддршка на руралниот развој. Мерката ‘ИПАРД лидер’ поддржува поактивно учество на засегнатите страни во развојот на руралните области и поуспешен пристап на фармерите до фондовите на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın