економија

Скопје: Отворен Центар за вработување на младите лица со хендикеп

Центарот за вработување на младите лица со хендикеп гради еден мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, како и се добиваат придобивки за двете страни

Besar Ademi  | 22.06.2017 - Обновена : 23.06.2017
Скопје: Отворен Центар за вработување на младите лица со хендикеп Besar Ademi/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус“ - движењето против хендикеп, формираа Центар за вработување на младите лица со хендикеп, проект кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ) во рамките на ИПА - Оперативната програма за развој на човечките ресурси за 2007-2013 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Центарот за вработување на младите лица со хендикеп e во просториите на Стопанската комора на Македонија, во меѓувреме Стопанската комора на Македонија организираше и средба со претставниците на компаниите со цел да ги информира околу бенефициите во однос на создавањето инклузивна и разновидна работна сила.

Од Стопанската комора на Македонија нагласија дека ова нуди голем потенцијал за подобрување на секојдневната работа на компаниите, како и за создавање општествено одговорен пристап во работата. Според нив, преку Центарот за вработување на младите лица со хендикеп се гради еден мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, како и се добиваат придобивки за двете страни.

Јадранка Аризанковска, од Стопанската комора на Македонија, истакна дека во рамките на проектот предвидени се неколку категории за обучување на лицата со посебни потреби, како што се учење на англискиот јазик, компјутерските вештини, како и обучување во други области кои ќе ги зголемат самодовербата, знаењата но и нивните општи вештини.

„Наша цел заедно со Полио плус е да направиме програми кои воедно ќе им помогнат и на лицата со хендикеп да стекнат квалификации, вештини и стручност за да можат полесно да се вработат во компаниите, меѓутоа од друга страна ќе се работи и со самите компании кои имаат желба да вработат лица со хендикеп, и заедно со нив да ги обучиме што е она што треба да направат за да може полесно да се адаптира просторот и лицата со хендикеп да се чувствуваат еднакво со сите останати вработени во компаниите“, вели Аризанковска.

Инаку, во Република Македонија бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во споредба со вкупното вработено население.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.