економија

Стапката на невработеност во еврозоната дополнително опадна

Официјалните податоци покажуваат дека стапката на невработеност во 19 земји на еврозоната падна на најниско ниво уште од јануари 2009 година

Ekipa  | 30.11.2017 - Обновена : 30.11.2017
Стапката на невработеност во еврозоната дополнително опадна

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Официјалните податоци покажуваат дека стапката на невработеност во 19 земји на еврозоната падна на најниско ниво уште од јануари 2009 година, што е доказ дека голем дел од пазарот на труд ги чувствува успесите на економското опоравување на регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Евростат, статистичката агенција на ЕУ, денес објави дека стапката на невработеност во октомври падна на 8,8 отсто, од 8,9 отсто колку беше претходниот месец. Тоа е најниската стапка од јануари 2009 година, кога регионот, како и светската економија, беше потресена од глобалната финансиска криза и од длабоката рецесија што уследи.

И додека еврозоната силно расте, инфлацијата не се зголемува според очекувањата. Евростат истакна дека главната мерка на инфлацијата во ноември беше 1,5 отсто. Во октомври беше 1,4 отсто, што е под очекуваниот раст на пазарот од 1,6 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.