економија

Трамп вети 25 милиони вработувања

Во соопштението кои беше објавено се вели дека Трамп „ќе овозможи 25 милиони нови вработувања, и дека тој има добар план за годишен економски раст од 4 отсто, со цел економијата на државата повтрно да се врати во нормала“, стои оваа изјава

Gülbin Yıldırım  | 21.01.2017 - Обновена : 22.01.2017
Трамп вети 25 милиони вработувања

Washington DC

ВАШИНГТОН – Кратко време по положената заклетва на 45. претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трaмп, на официјалната веб страницата на Белата Куќа се објавија низа соопштенија во врска со економијата, енергетиката и надворешната политика на САД, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението со наслов „Враќање на работните можности и раст“ беше објавено дека американската економија преживеа најбавно закрепнување од периодот на Втората Светска војна, по настаната економска рецесија во САД во 2008 година.

Во соопштението се истакнува дека во овој период, околу 300 илјади работни позиции биле изгубени во индустрискиот сектор, учеството на американците во работната сила е во најниско ниво од 1970 година, јавниот долг е двојно зголемен и средната класа е намалена.

- За 10 година нови вработувања за 25 милиони луѓе

Во соопштението кои беше објавено се вели дека Трамп „ќе овозможи 25 милиони нови вработувања, и дека тој има добар план за годишен економски раст од 4 отсто, со цел економијата на државата повтрно да се врати во нормала“, стои оваа изјава:

„Планот ќе започне со “GROWTH-FRIENDLY“ даночни реформи кој ќе им помогне на американските работници и компаниите да задржат повеќе од своите тешко заработени долари.

Планот на претседателот ќе ги намали даночните стапки за секој даночен обврзник во САД, ќе ги поедноставува даночните закони и ќе го намали данокот на добивка во САД, која е една од највисоките во светот. Со корекција на застарените, исклучително сложените и неповолните даноци, ќе се овозможат милиони нови вработувања кои ќе го подржат растот, а со тоа ќе се спаси американската економија“.

„Плановите на претседателот на американските трговски партнери ќе им покажат дека ќе се направи бизнис со тие земји кои ќе гарантираат дека ќе ги сносат последиците од оштетувањата на американските работници со нашите илегални и неправедни практики“ стои во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.