Турција, економија

Турската економија ги натера светските куќи да ги ревидираат предвидените стапки

Претходните слаби прогнози за турската економија сега се предмет на ревизија во голем број меѓународни организации, а на прво место, проекциите беа ревидирани од ММФ...

Dilara Zengin  | 12.10.2017 - Обновена : 14.10.2017
Турската економија ги натера светските куќи да ги ревидираат предвидените стапки

Ankara

АНКАРА (АА) - Економскиот раст од над пет отсто, кој турската економија го оствари во првите два квартала од оваа година, и позитивните прогнози за претстојните периоди ги наведоа надлежните меѓународни организации значително да ги ревидираат прогнозите во врска со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Иако минатата година Турција се соочи со обид за воен удар на терористичката организација ФЕТО, низа терористички напади и со последиците од нестабилниот светски пазар, таа успеа да ја задржи стабилноста и да ги спроведе структурните реформи остварувајќи економски раст и во вториот квартал од годината.

Според извештајот на Заводот за статистика на Турција, економијата на таа земја во периодот јануари – март оствари раст од 5,2 отсто, а во периодот април – јуни 5,1 отсто.

Претходните слаби прогнози за турската економија сега се предмет на ревизија во голем број меѓународни организации, а на прво место, проекциите на движењето на пазарот и трендот на развој на Турција беа ревидирани од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка, „Moody's & Fitch“ (Мудис и Фич).

Иако Турција минатата година оствари економски раст од 2,9 отсто, меѓународните организации за оваа година предвидуваа многу мала стапка на развој, а сега тие проценки драстично се менуваат.

Ревизија на проекциите за турската економија први, уште во март оваа година, направија американските гиганти на инвестициското банкарство „Goldman Sachs“ (Голдман Сакс) од 1,8 на 2,3 и „JP Morgan“ (Џеј Пи Морган) од 1,8, на 2,6 отсто предвиден раст. „Goldman Sachs“ дополнително истакна дека турската економија во третиот квартал би можела да достигне економски раст и до седум отсто.

„Moody’s“ и „Fich“, агенции за кредитен рејтинг, исто така во два наврата го зголемија предвидениот економски раст на турската економија, и тоа во опсег од 2,3 до 4,7 отсто.

„Morgan Stanly“ (Морган Стенли), „Nomura“ (Номура) и „JP Morgan“ се уште некои од меѓународните организации кои прогнозираа слаб економски раст на Турција, па во повеќе наврати ги ревидираа проценките.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е последен во таа низа организации коишто во новите извештаи го зголемија планираниот економски раст на Турција, ММФ ја зголеми процената за оваа година од 2,5 на 5,1 отсто, а за наредната година, од 3,3 на 3,5 отсто.

Во октомврискиот извештај на ММФ се истакнува дека турската економија се консолидира побрзо од очекуваното, поради зголемената домашна и странска побарувачка на пазарот.

ММФ во извештајот наведува дека светската економија зема замав и забрзано расте, а најдрастичната промена во ревидираниот извештај е токму процената за економскиот раст во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.