економија

Турција, Русија и Иран инвестираат 7 милијарди долари за развој на нафтени полиња

Инвестицијата ќе се искористи за развој на три нафтени полиња со вкупно проценети резерви од 10 милијарди барели и со дневен капацитет на производство од 100.000 барели нафта

Zeynep Beyza Kılıç  | 15.08.2017 - Обновена : 16.08.2017
Турција, Русија и Иран инвестираат 7 милијарди долари за развој на нафтени полиња

Ankara

АНКАРА (АА) - Иранската компанија за истражување и производство „Gadir“ (Гадир), руската државна компанија „Zarubezhneft“ (Зарубежнефт) и турската „Unit International“ (Унит интернешнал) се согласија да инвестираат 7 милијарди долари во развојот на нафтени полиња и полиња за природен гас, соопшти турската компанија, јавува Аnadolu Agency (AA).

Инвестицијата ќе се искористи за развој на три нафтени полиња со вкупно проценети резерви од 10 милијарди барели и со дневен капацитет на производство од 100.000 барели нафта. Покрај тоа, инвестицијата ќе покрие и едно поле за природен гас со годишно производство од 75 милијарди кубни метри гас во Иран.

Не е откриено колкав дел од продажбата на нафтата и гасот ќе добие секоја од компаниите.

Компаниите потпишаа договор за финансирање и развој на нафтени и полиња со гас на 9 август.

Одделно, „Unit International“ ќе изгради четири постројки за природен гас во Иран, со вкупен капацитет од 5.000 мегавати.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.