економија

Уделот на Каталонија во шпанската економија

Туризмот во Каталонија учествува со 15 отсто во вкупните приходи на Шпанија. Минатата година оваа област ја посетија 17,9 милиони туристи и остварен е приход од 16,6 милијарди евра

Dilara Zengin, Bahattin Gönültaş  | 05.10.2017 - Обновена : 05.10.2017
Уделот на Каталонија во шпанската економија

Ankara

АНКАРА (АА) - Каталонската автономна покраина го привлече вниманието со oдржаниот референдум за независност, кој Уставниот суд на Шпанија го прогласи за нелегален. Минатата година во оваа покраина беше остварена вкупна надворешна трговија во висина од околу 143 милијарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).

Со усвојувањето на шпанскиот демократски Устав, во 1978 година, првенствено беше признаена каталонската нација, по што Каталонија беше прогласена за автономна покраина. Раководството на автономната покраина Каталонија на 1. октомври одржа референдум за независност, и покрај тоа што шпанската Влада го прогласи за нелегален. Се истакнува дека 90,9 отсто од гласачите гласале „да“ за независност на Каталонија.

Според податоците до кои дојде АА, автономната покраина Каталонија, која е дел од светските дискусии поради спорниот референдум, учествува во шпанскиот бруто национален производ со 19 отсто и прикажува посилна економска моќ во однос на останатите подрачја на Шпанија.

Каталонија има поразвиена економија од останатите подрачја на Шпанија, и е еден од примарните извори на средства од секторот на услуги, индустрија и земјоделие. Главен град на областа е Барселона, кој со туризмот, европскиот дизајн и како биотехнолошки центар дава голем придонес на економијата во каталонската покраина.

Каталонија има 7,5 милиони жители, што е 16 отсто од вкупното население на Шпанија. Минатата година во бруто националниот производ на Шпанија учествуваше со 222,5 милиони евра. Каталонија лани имаше национален доход по жител од 29.576 евра, со што успеа зад себе да ја остави Шпанија, која имаше национален доход по жител од 24.100 евра.

Од аспект на економските податоци, Каталонија е во подобра положба од Шпанија и на полето на намалување на невработеноста. Додека изминатата година невработеноста во Шпанија беше над 20 отсто, во истиот период, невработеноста во Каталонија беше на ниво од 14,9 отсто.

- Туризмот во Каталонија е во преден план

Благодарение на делата на каталонскиот архитект Антонио Гауди, Барселона е добитник на наградата на УНЕСКО и има голем туристички потенцијал за подрачјето.

Туризмот во Каталонија учествува со 15 отсто од вкупните приходи на Каталонија, која минатата година ја посетија 17,9 милиони туристи и прилив од 16,6 милијарди евра.

- Индустриското производство во Каталонија

Минатата година, обемот на надворешната трговија на регионот изнесуваше 142,7 милијарди евра, од во преден план се јавува извозот на моторни возила, делови и делови за автомобили, пластика и пластични производи, фармацевтски производи и електрични апарати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın