економија

Франција до 2040 ќе прекине со продажбата на автомобили со бензински и дизел мотор

Франција до 2040 година ќе прекине со продажбата на автомобили со бензински и дизел мотор, како дел од петгодишниот климатски план објавен денес од страна на новиот министер за животна средина, Николас Јуло, во пресрет на Самитот Г20 во Хамбург

Hajer M'tırı  | 06.07.2017 - Обновена : 07.07.2017
Франција до 2040 ќе прекине со продажбата на автомобили со бензински и дизел мотор

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Франција до 2040 година ќе прекине со продажбата на автомобили со бензински и дизел мотор, како дел од петгодишниот климатски план објавен денес од страна на новиот министер за животна средина, Николас Јуло, во пресрет на Самитот Г20 во Хамбург, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој исто така го објави крајот на производството на енергија од јаглен до 2022 година и ја прогласи 2050 година за година кога Франција ќе постигне јаглеродна неутралност.

„Имаме за цел да престанеме со продажбата на автомобили со бензински и со дизел мотор“, изјави Јуло на прес-конференцијата, преставувајќи го својот план со хаштагот „#1Planet1Plan“.

Тој оваа одлука ја нарече „револуција“ и рече дека новите мерки ќе бидат тешки, особено за производителите на автомобили, но истакна дека автомобилскиот сектор на Франција е добро опремен и може да го исполни тоа ветување.

Покрај тоа, ќе се обезбедат субвенции за оние што купуваат возила што помалку загадуваат.

Климатскиот план се состои од шест главни мерки, вклучувајќи го развојот на обновливи енергии и елиминирање на домувањето со слаба термичка изолација во рок од 10 години.

Јуло изјави дека планот ѝ овозможил на Франција да го преземе својот удел и раководството во борбата против климатските промени.

Новоизбраниот претседател Емануел Макрон изјави дека ова прашање е национален приоритет и ја критикуваше минатомесечната одлука на американскиот претседател да ги повлече САД од меѓународниот Париски климатски договор.

Зборувајќи денес на заедничката прес-конференцијја со претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким, во Париз, Макрон изјави дека овој договор е чекор во вистински правец, но оти тоа не е доволно.

„Треба да одиме понатаму, да продолжиме да напредуваме и да го покажеме, во смисла на конкретни проекти и финансирање, нашиот капацитет да одиме понатаму“, рече Макрон.

Парискиот договор, предводен од претходникот на Трамп, Барак Обама, и потпишан од 195 земји во април 2016 година, има за цел да ги ублажи последиците од климатските промени преку намалување на емисиите на јаглероден диоксид и ограничување на глобалниот пораст на температурата под 2 степени Целзиусови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.