економија

Јапонија ја зголеми потрошувачката на електрична енергија од нуклеарни извори

Статистичкиот преглед на светската енергија за 2017 година покажува дека 4,4 отсто од вкупната светска потрошувачка на електрична енергија минатата година е добиена од нуклеарни извори

Hüseyin Erdoğan  | 22.06.2017 - Обновена : 24.06.2017
Јапонија ја зголеми потрошувачката на електрична енергија од нуклеарни извори

Ankara

ТОКИО (АА) - ХУСЕИН ЕРДОГАН - Минатата година, во однос на 2015, Јапонија најмногу ја зголеми потрошувачката на електрична енергија добиена од нуклеарни извори, дури за 290 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Јапонија, количината на потрошената електрична енергија добиена од нуклеарни извори минатата година е еднаква на вредноста на четири милиони тони нафта.

Статистичкиот преглед на светската енергија објавен од страна на статистичкиот билтен на „BP“ (БП) за 2017 година покажува дека 4,4 отсто од вкупната светска потрошувачка на електрична енергија минатата година е добиена од нуклеарни извори. Количината на електрична енергија во светот добиена од нуклеарни централи минатата година, во однос на претходната година, е зголемена за 1,3 отсто, што е еднакво на вредноста од 592,1 милиони тони нафта.

По несреќата во нуклеарната централа „Фукушима“, до која дојде пред неколку години, во Јапонија се намали производството на електрична енергија добиена од нуклеарните централи, а во 2014 година во потполност беше прекинато. Нуклеарните централи повторно започнаа со работа во 2015 година.

По Јапонија, во однос на намалувањето на производството на електрична енергија добиена од нуклеарните централи, следуваат Иран со 75,3 отсто и Белгија со 66,3 отсто.

На четвртото место се наоѓа Јужноафриканската Република, со 29,7 отсто, а потоа следува Кина со 24,5 отсто. Според извештајот, најголемо намалување на користењето на електрична енергија добиена од нуклеарна енергија минатата година имаше Тајван, со 13,4 отсто, што е еднакво на вредноста од 7,2 милиони тони нафта.

Меѓу земјите што ја намалија потрошувачката се наоѓаат и Република Чешка со 10,4 отсто, Мексико со девет отсто, Швајцарија со 8,7 отсто и Франција со 8,1 отсто.

Најголема потрошувачка минатата година имаа САД, со вредност еднаква на 191,8 милиони тони нафта. САД потрошија 32,4 отсто од електричната енергија во светот произведена од нуклеарна енергија.

Следуваат Франција со 15,4 отсто, Кина со 8,1 отсто, Русија со 7,5 отсто и Јужна Кореја со 6,2 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.