живот

„Turkish Airlines“: Доктор Оз ќе ги советува патниците за време на летот

Во соопштението што го објави „Turkish Airlines“ се вели дека авиокомпанијата потпишала договор со д-р Мехмет Оз, продуцент и водител на светски познатата програма „The Dr. Oz Show“, со цел патниците да го поминат летот поудобно и поздраво

Emrah Güney  | 24.07.2017 - Обновена : 25.07.2017
„Turkish Airlines“: Доктор Оз ќе ги советува патниците за време на летот

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) со цел да им овозможи поголема удобност на своите патници за време на летот, во рамките на проектот „Fly Good Feel Good“ потпиша договор со д-р Оз, светски познатиот продуцент и водител на програма за здрав живот „The Dr. Oz Show“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го објави „Turkish Airlines“ се вели дека авиокомпанијата потпишала договор со д-р Мехмет Оз, продуцент и водител на светски познатата програма „The Dr. Oz Show“, со цел патниците да го поминат летот поудобно и поздраво.

Во рамките на соработката со авиокомпанијата „Turkish Airlines“, која лета кон најголем број дестинации во светот, д-р Оз на патниците ќе им дава предлози за здрава исхрана и правилно вежбање.

Проектот на „Turkish Airlines“ со д-р Оз е дел од програмата на оваа авиокомпанија со којашто таа сака своето лидерство меѓу авиокомпаниите да го однесе на уште повисоко ниво.

Во рамките на проектот, стучните совети на д-р Оз ќе бидат претставени на официјалниот интернет-сајт на авиокомпанијата, на профилите на компанијата на социјалните мрежи и преку системите за забава во авионите, во вид на куси видеа и печатени материјали.

Во рамките на оваа соработка, д-р Оз присуствуваше на летот TK01, од Истанбул до Њу Јорк, на кој со помош на пилотите, авионскиот екипаж, приреди големо изненадување за патниците за време на летот, изработувајќи снимки за шоу-програмата „The Dr. Oz Show“ во рамките на проектот „Fly Good Feel Good“.

За време на овој специјален лет, oколу 300 патници минаа пријатни моменти во друштво на д-р Оз, кој тој им упати пораки за здрав живот преку системите за забава во авионот и им додели мали подароци.

Претседателот на Управниот одбор и на Извршниот комитет на „Turkish Airlines“, М. Илкер Ајџи, изјави дека еден од основните принципи на компанијата е постојано унапредување на брендот што им се претставува на гостите.

Ајџи истакна дека компанијата посакува патниците секој момент од летот да го поминат удобно и со задоволство.

„Нашиот концепт за услуги со доделување награди е важен дел, кој го претставивме за време на специјалниот лет, со цел патниците да се чувствуваат добро. Привилегијта на патниците на „Turkish Airlines“ да летаат со д-р Оз, кој ќе им дава препораки за поздрав живот, ќе создаде посебна атмосфера за време на летот“, рече Ајџи.

Д-р Оз изјави дека „Turkish Airlines“ со својот концепт на услуги и извонреден третман е водечка во светот и е наградувана авиокомпанија.

„Fly Good Feel Good“ е импресивен проект којшто се фокусира на фитнес и на здравјето на патниците за време на летот. Сметам дека овој проект ќе го издигне на повисоко ниво брендот на „Turkish Airlines“, особено затоа што претставува многу убав пример за привилегираноста на патниците“, процени д-р Оз.

Во рамките на проектот, „Turkish Airlines“ ја започна програмата „летечки доктор“, според којашто на лекарите што ќе се регистрираат на неа, ќе им додели дополнителни километри за лет. Во случај на потреба од доктор за време на летот, тие веднаш би ја преземале должноста, која би се темелела на доброволна основа.

„Turkish Airlines“ ќе продолжи на своите патници да им дава препораки за здрав живот, и планира во наредните фази на проектот, комфорот и задоволството од летот да ги подигне на уште повисоко ниво.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın