Турција, живот

„Двете белила” на Егејот: Памуккале и ски-центарот Денизли

Туристите кои уживаат во снегот и зимските спортови, подоцна имаат можност да го почувствуваат комфорот и благодетот на термалните лековити води на Карахајит и Памуккале

Sebahatdin Zeyrek  | 13.01.2018 - Обновена : 14.01.2018
„Двете белила” на Егејот: Памуккале и ски-центарот Денизли

Denizli

ДЕНИЗЛИ (АА) - Секоја година голем број туристи пристугнуваат во Денизли во посета на Памуккале, со цел да ги видат неговите убавини и да уживаат во неговите лековити термални води.

Памуккале е познато и како „бел рај”, а се наоѓа на листата на културно наследство на УНЕСКО. Сега и љубителите на снегот ќе можат да уживаат во ски-центарот Денизли на планината Бодздаг, кој е пуштен во употреба 2016 година.

Градот Денизли инвестира во различни туристички гранки. Во рамките на Денизли се наоѓаат белите травертити на Памуккале и неговите лековити термални води, кои со илјадници години го привлекуваат интересот на луѓето.

Турските и странските туристи кои шетаат по травертитите на „снежно белиот” Памуккале и наоѓаат задоволство во топлите термални води, имаат можност истиот ден и да се скијаат.

Во 2003 гоина, тогашниот градоначалник Реџеп Јазиџиоглу ги започна работите за изградба на ски-центар на планината Боздаг. Ски-центарот е завршен во 2016 година, се наоѓа на оддалеченост од 85 километри од центарот на Денизли и до него со возило се пристига за 1 час. Ски-центарот има три ски патеки во вкупна должина од 12 километри, кои се организирани како патеки за почетници, средно ниво и професионалци.

Ски-центарот Денизли овозможува непрекинато скијање и сноуборд со капацитет од трансфер на 1.500 лица благодарение на своите три жичари. Според временските услови, во овој ски-центар можно е уживање во зимските спортови повеќе од 3,5 месеци.

Минатата сезона центарот го посетија 50.000 лица, а жичарата ве води до врвот на планината од каде можете да уживате во прекрасните пејсажи на околината од птичја прерспектива.

- Две белила на Денизли

Градоначалникот на Деmизли, Осман Золан, за АА изјави:

„По Памуккале и отворањето на ски-центарот, Денизли сега се именува како град со ‘две белила’. Продолжуваме со активности кои ќе ја збогатат туристичката разновидност на градот. Преземени се сите безбедносни мерки. Се надевам дека туристите тука ќе можат да го задоволат својот копнеж кон снегот и ќе уживаат во зимските спортови. Нашите објекти се опремени со најнова технологија. Се претпоставува дека од аспект на квалитетот, снегот ќе опсто повеќе од 100 дена. Можеби немаме доволен капацитет на сместувања, но тоа го надополуваат хотелите во околината.

Во моментов центарот е посетен од еднодневни туристи. Туристите кои уживаат во снегот и зимските спортови, подоцна имаат можност да го почувствуваат комфорот и благодетот на термалните лековити води на Карахајит и Памуккале. Оваа сезона очекуваме 100.000 гости”.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın