живот

„Мојот сопруг и моето бебе беа убиени во затвор"

Дифуракахан Рахимулах којашто засолништво побарала во Бангладеш поради нападите од мјамарската војска во Аракан рече дека војниците го убиле нејзиниот сопруг и нејзиното осум месечно дете

Hasan Hüseyin Kulaoğlu  | 03.12.2016 - Обновена : 04.12.2016
„Мојот сопруг и моето бебе беа убиени во затвор"

Cox s Bazar

КОКС БАЗАР (AA) - Дифуракахан Рахимулах (25) којашто засолништво побарала во Бангладеш поради нападите од мјамарската војска во Аракан рече дека војниците го убиле нејзиниот сопруг и нејзиното осум месечно дете, додека нејзиниот брат кој бил сведок на настанот се соочил со ментална растроеност, јавува Anadolu Agency (AA).

Рахимулах којашто е мажена и мајка на 3 деца во изјавата за АА во областа Калатоли раскажуваше дека живеле во селото Боргозибил недалеку од градот Монду на Аракан и дека се занимавале со земјоделство.

Рахимулах истакна дека владата на Мјанмар нив ги гледа како терористи и пренесе дека пред 9 месеци војниците извршиле напад врз селото со хеликоптери.

„Сопругот Рахимулах додека се обидуваше да избега со осум месечното бебе Мухамед Јасир беше фатен од војниците. Јас со мојата четири годишна ќерка Фариса и со две годишниот син Мухамед Кајсер упеавме да избегаме“ рече Дифуракахан Рахимулах којашто истакана дека нивното село било бомбардирано.

Рахимулах раскажува дека војниците го убиле нејзиниот чичко и дека уапсиле 25 мажи меѓу кои се наоѓал нејзиниот брат и сопруг.

„Мојот брат виде дека мојот сопруг и моето бебе биле убиени во затвор. Потоа, поради менталната растроеност на мојот брат, тој беше пуштен на слобода“ рече Рахимулах.

Рахимулах пренесе дека по многу тежок и опасен пат со другите луѓе успеале да бегат и да се засолнат во Бангладеш и дека Араканците му помогнале. Таа рече дека преминувајќи го границите се пребегнала во Бангладеш и дека го спасила животот на децата.

Таа додаде дека нејзините деца разболеле и дека очекува помош.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın