живот

Араканецот Мухамед е загрижен за животот на неговите најблиски

Араканецот Мухамед Тајуб заедно со неговата сопруга и со децата пребегале од Мјанмар во Малезија, а потоа со чамец стигнале во Австралија, но, тој е загрижен за животот на членовите на неговото семејство што ги остави зад себе во Аракан

Recep Şakar  | 15.09.2017 - Обновена : 16.09.2017
Араканецот Мухамед е загрижен за животот на неговите најблиски

Queensland

МЕЛБУРН (АА) - РЕЏЕП ШАКАР - Араканецот Мухамед Тајуб заедно со неговата сопруга и со децата пребегале од Мјанмар во Малезија, а потоа со чамец стигнале во Австралија, но, тој е загрижен за животот на членовите на неговото семејство што ги остави зад себе во Аракан.

Тајуб, кој живее во австралискиот град Мелбурн, во изјава за Anadolu Agency (AA) апелираше што побргу треба да се стави крај на масакрите во Аракан.

Tој раскажа дека во Аракан се занимавал со производство на ориз, но, како што рече, откако во 2011 година владата бесправно му ја одзела неговата нива, заедно со сопругата и со децата прво пребегале во Малезија, а потоа во 2012 година, со чамец стигнале во Австралија. Тој додаде дека членовите на неговото семејство што останале во Аракан 24 часа не излегуваат од дома.

„Мојата мајка, сестра ми, сите се таму. Куќите им ги палат, ги убиваат. Владата ги одзема нивите за ориз, не можат да излезат надвор, не можат да одат на риболов. Дома седат 24 часа, не можат да излезат надвор. Не смеат да ја отворат вратата од куќата, бидејќи ако ја отворат, или куќата ќе биде запалена или ќе ги убијат“, вели Тајуб, истакнувајќи дека секогаш мисли на своето семејство во Аракан.

- Неговите двајца вујковци биле убиени од стана на војниците

Тајуб пренесе дека неговите двајца вујковци биле убиени од страна на војниците.

„Не знам зошто се убиени. Проблемот доаѓа од владата. Не постои проблем меѓу жителите во регионот. Понекогаш се случуваше проблем, но не секогаш. Жителите понекогаш ни помагаат, но владата и воените единици никогаш не ни помагаа, секогаш нѐ удираат кога ќе нѐ видат“, нагласи Тајуб.

- Не им оставија ништо на муслиманите

Исто така, Тајуб вели дека настаните во Аракан всушност започнале во 70-тите години. Тој додаде дека преку овој процес, владата почнала да ја реализира својата цел, која е целосно чистење на муслиманите од Аракан. 

„Владата ги одзеде сите ниви со ориз, рибарските куќи ги дадоа на будистите. На муслиманите не им оставија ни рибарство, ни работа. Не оставија ништо“, вели Тајуб.

Тој истакна дека ја поздравува понудата на Турција за Бангладеш, во која вели „отворете ги границите, ние ќе ги платиме трошоците“. 

„Бангладеш не ги отвoра границите. Гoлем број луѓе се изложени на геноцид, тие се убивани“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın