живот

Извештај: Младите муслимани во Велика Британија се соочуваат со огромни предизвици

Младите муслимани во Велика Британија имаат помалку шанси да успеат на пазарот на трудот од која било друга верска група, се вели во извештајот на владината комисија

Ahmet Gürhan Kartal  | 07.09.2017 - Обновена : 08.09.2017
Извештај: Младите муслимани во Велика Британија се соочуваат со огромни предизвици

London

ЛОНДОН (АA) - Младите муслимани во Велика Британија имаат помалку шанси да успеат на пазарот на трудот од која било друга верска група, се вели во извештајот на владината комисија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во истражувањата на Комисијата за општествена подвижност, објавени денес, се вели: „Младите муслимани кои живеат во Велика Британија се соочуваат со огромен предизвик за општествена подвижност и се откажуваат од постигнувањето на својот целосен потенцијал во секоја фаза од животот“.

Извештајот открива дека од страна на многу голем број муслимани биле пријавени некои значајни бариери во подобрувањето на општествената подвижност, како што се исламофобија, дискриминација и расизмот, со кои се соочиле од училиштето, преку универзитетот, до работното место.

Учесниците во истражувањето спроведено од Универзитетот „Шефилд Халам“ утврдија силно чувство за работна етика, висока отпорност и желба за успех во училиштето и пошироко.

„Но, многумина почувствуваа дека мора да работат десетпати понапорно од оние кои не се муслимани за да ги добијат истите можности, поради културните разлики и различните форми на дискриминација“.

Според податоците цитирани во документот, само еден од петмина (19,8 отсто) муслимани во Англија и во Велс работат со полно работно време.

Ова е еквивалентно на еден од тројца од вкупната популација на возраст меѓу 16 и 4 години.

Истражувањата велат дека трипати е поголема веројатноста муслиманските жени во Велика Британија да бидат економски неактивни, а само шест отсто од муслиманите се со на повисока менаџерска, административна и професионална позиција во споредба со 10 отсто од вкупното население.

„Освен тоа, речиси половина од муслиманското население (46 проценти) живее во 10 проценти од најсиромашните општински подрачја“, се додава во извештајот.

„Ова укажува на пристапот до ресурси, постигнувањата на училиште, напредувањето кон високото образование и достапноста на работните места, вклучувајќи ги и оние на постдипломски или раководни нивоа“, се вели во извештајот.

Професор Џеклин Стивенсон, која го спроведува истражувањето, вели: „Муслиманите се исклучени, дискриминирани или не успеале во сите фази на нивниот премин од образование до вработување“.

Алан Милберн, претседател на Комисијата за општествена подвижност додава:

„Овој извештај прикажува вознемирувачка слика за предизвиците со коишто се соочуваат тие за да постигнат поголем општествен напредок“.

„Младите муслимани самите ги идентификуваат културните бариери во нивните заедници и дискриминацијата во образовниот систем, како и на пазарот на трудот како дел од главните пречки што им стојат на патот“.

Во Велика Британија живеат околу 3 милиони муслимани.

Исламофобијата и дискриминацијата доживеаја драматичен скок во земјата по овогодишните терористички напади во Манчестер и во Лондон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.