живот

Интересна кампања на турски универзитет против пушењето

Ректорот на Универзитетот во Амасија, Метин Oрбај, во разговор за АА рече дека целта на кампањата е најмалку 3.000 студенти да се откажат од пушењето

Cihan Okur  | 22.03.2017 - Обновена : 23.03.2017
Интересна кампања на турски универзитет против пушењето

Amasya

АМАСИЈА (АА) - Во соработка со Ректоратот на Универзитетот „Амасија“ во истоимениот турски град и универзитетскиот клуб на Зелената полумесечина, започна кампања насловена како „Една година бесплатен оброк за студент што ќе престане да пуши“, јавува Anadolu Agency (AA).

Целта на кампањата е најмалку 3.000 студенти да се откажат од пушењето.

Ректорот на Универзитетот во Амасија, Метин Oрбај, во разговор за АА рече дека кампањата е лансирана за да им се даде поддршка на студентите да се откажат од своите лоши навики.

Oрбај истакна дека целна група на оваа кампања не се само студентите пушачи, туку и да се развие свеста кај сите граѓани за штетноста на овој порок.

„Донесовме одлука студентите што успешно ќе се откажат од пушењето да ги наградиме со бесплатен оброк во универзитетската кантина, во период од една година“, рече Oрбај.

Ректорот потсети дека пушењето значително му штети на здравјето на луѓето, но, исто така, претставува голем трошок, особено за студентите.

„Во овој поглед, сакаме да придонесеме студентите да живеат поздраво, но исто така да заштедат пари. Нашите студенти утре ќе се завршат факултет и ќе станат наставници и инженери. Со тоа што нема да пушат, ќе бидат пример за општеството. Целта е во оваа кампања најмалку 3.000 од нашите студенти да се откажат од пушење“, рече Oрбај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın