живот

Кина: Акупунктурата со векови е лек за секаква болка

Наместо делумно повлекување на болеста од органзимот, акупунктурата е третман што повеќе цели кон целосно отстранување на болеста

Fuat Kabakçı  | 15.11.2017 - Обновена : 16.11.2017
Кина: Акупунктурата со векови е лек за секаква болка

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Акупунктурата која во Кина се практикува како традиционален начин за лекување и правилно насочување на енергијата во организмот, со векови е лек за секаква болест, јавува Anadolu Agency (AA).

Акупунктурата се користи како метод за лекување во земјите од Азија, првенствено во Кина, како и во голем број земји во светот. Од 1980 година, поддржана е и од Светската здравствена организација.

Акупунктурата наоѓа широка примена. Покрај тоа што помага во лекувањето на голем број болести, го зацврстува имунолошкиот систем, а се претпочита и за ослободување на организмот од болести предизвикани од стрес.

Третманот акупунктура се изведува со вметнување игли на одредени точки, воглавно во вратот, рамењата, колената и во половината, против болки во зглобовите и како метод е ефикасна за голем број болести, како што се мигрена, синуси, стрес, депресија и несоница.

Освен кај возрасните, акупунктурата може да се применува и кај деца и кај животни. Кај бебињата се користи при абдоминална болка, болки и долго плачење, додека кај животните воглавно се користи против болки во зглобовите и во половината.

- Видови акупунктура -

Воглавно, при акупунктурата се користат тенки игли од нерѓосувачки челик со должина од 3 до 4 сантиметри, кои се вметнуваат во одредени точки на телото низ кои тече енергијата во организмот. Со вметнување на иглите во овие посебни точки, доаѓа до стимулирање на клетките и нервите во тие делови од телото, со што организмот почнува да се бори против болеста.

Има неколку видови акупунктура, која претставува терапија што се врши на одредени точки од телото. Во тие рамки, можно е да се добијат резултати и со притискање на акупунктурните точки, со топлина или електрицитет.

Кога станува збор за притисок врз споменатите точки, методот се нарекува акубаси (акупресура), додека методот на стимулирање на одредени точки со ниско ниво на електрична енергија се нарекува електро акупунктура.

- Не се применува кај секој болен -

Иако акупунктурата е лек за голем број болести, таа не може да се применува кај секој болен.

Акупунктурата не се препорачува првенствено кај пациенти што се плашат од игла, потоа оние со отворени рани, тумори, болни кои имаат проблем со коагулацијата на крвта и оние на кои им е потребна итна хируршка интервенција.

- Акупунктурни точки -

Лиу Сонг, специјалист по акупунктура од Традиционалната кинеска медицинска клиника во Забранетиот град, кој се наоѓа во Пекинг, главниот град на Кина, за АА изјави дека според античките кинески верувања, акупунктурата се применува за одново воспоставување на текот на енергијата во човечкиот организам“.

При појавата на проблем во течението на енергијата во човечкиот организам, која е именувана како Чи, или при прекин на оваа енергија, специјалистот Лиу истакнува дека тогаш настанува болест, додавајќи дека со акупунктурата повторно се воспоставува нормален тек на оваа енергија.

Лиу вели дека во човечкото тело има повеќе од 400 акупунктурни точки и истакна дека стотици години порано е дефинирано која точка на кој дел од телото или на кој орган делува.

- Акупунктура – третман на лекување кој се спроведува со време -

Специјалистот Лиу истакна дека лекувањето со акупунктура се спроведува со време, при што го истакна следното:

„За да може да се примени лекувањето, првенствено треба да се открие што е причината за болеста. Според тоа, се спроведуваат енергетски текови од одредени точки во организмот. Реакцијата на организмот на болниот, на лекувањето со акупунктура е различно кај секој човек и може да биде долго. Кај некои луѓе, организмот реагира брзо, додека кај некои е потребен долг период за реакција“.

Специјалистот Лиу истакна дека наместо делумно повлекување на болеста од органзимот, акупунктурата е третман што повеќе цели кон целосно отстранување на болеста.

Во однос на иглите што се користат, специјалистот Лиу истакна дека акупунктурните игли се многу потенки од иглите што нормално се користат во болниците, додавајќи дека при нивната примена се чувствува како мало трнење. Лиу додаде дека по извесен период од примената на терапијата, пациентите не забележуваат дека иглите се вметнати во нивното тело.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın