живот

Кина: Инсекти, скорпии, змии и полжави во рестораните во Пекинг

Рестораните во улицата Вангфујинг во Пекинг нудат јадења од неколку видови инсекти меѓу кои се наоѓаат стоногалки, лебарки, свилени буби, скакулци, но и скорпии, змии и полжави

Fuat Kabakçı  | 06.05.2017 - Обновена : 07.05.2017
Кина: Инсекти, скорпии, змии и полжави во рестораните во Пекинг

Beijing

ПЕКИНГ (AA) – Познато е дека азиската кујна е порепознатлива по рестораните кои нудат невообичаени јадења, а големо внимание на домашните и странските туристи на гастрономите ја привлекуваат ресторани кои нудат јадења од инсекти, пишува Anadolu Agency (AA).

Рестораните во улицата Вангфујинг во Пекинг нудат јадења од неколку видови инсекти меѓу кои се наоѓаат стоногалки, лебарки, свилени буби, скакулци, но и скорпии, змии и полжави.

Инсектите се застапени во многу локални специјалитети, а обично се послужени во облик на шиш ќебап.

Токму ваквата кујна придонесува за тоа улицата да е едно од најважните туристички дестинации во градот.

Во рестораните одредени инсекти се пржат и така послужени, додека некои се продаваат живи.

Голем дел од инсектите се движи со нозете на шишевите поради што нема потреба продавачите да докажуваат дека „производите се свежи". Инсектите се испржени пред гостите и така се послужуваат.

Цената на јадењата е условена од видот и големинаа на инсектите. Цената на шишот почнува од пет евра.

Рестораните кои ги нудат инсектите се наоѓаат највече на северозападот на Кина. Туристите кои во Пекинг ќе дојдат од тие подрачја тврдат дека во рестораните на тоа подрачје има поголем избор на исекти и дека јадењата се повкусни.

Мирисите на јадењата се шират низ улицата која е позната по рестораните од таков вид и со тоа ги привлекуваат туристите.

Освен инсектите, можно е да се најдат и црвено или бело место во различни сосови, како и различно пржено месо.

Меѓу најпродаваните јадења во рестораните се неотровни шкорпии. Оние кои јадат скорпии, нејзиниот вкус го споредуваат со вкусот на масните наслаги од опашката на овцата.

Додека едните јадат од чиста љубопитност, другите ги консумираат бидејќи навистина уживаат во нивниот вкус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın