живот

Кина: Прв роденден на пандите близнаци

Во градот Чонгчинг, во централниот дел на Кина, организирана е првата роденденска прослава за панди близнаци кои се родија минатата година

Tevfik Durul  | 11.07.2017 - Обновена : 12.07.2017
Кина: Прв роденден на пандите близнаци АА/Архива

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Во градот Чонгчинг, во централниот дел на Кина, организирана е првата роденденска прослава за панди близнаци кои се родија минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).

Општина Чонгчинг соопшти дека здравствената состојба на двете панти, Ју Бао и Ју Беи, е добра и дека двете тежат по 28 килограми. 

На роденденската прослава беа поканети децата кои живеат во градот, и по овој повод беше направена торта од листови од бамбус.

Надлежните од зоолошката градина истакнаа дека една година старост кај пандите е еднаква на четири години човечки живот.

Во зоолошката градина Чонгпинг живеат 16 панди, откако во 1960 година таа почна да работи во рамките на проектот за одгледување панди.

Се претпоставува дека во светот има само 1.600 панди. Поголемиот дел од пандите, што се вбројуваат меѓу загрозените животински видови поради деградацијата на животната средина, како и намалувањето на стапката на раѓање, се наоѓаат во центрите за нега во Кина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın