живот

Лондон: Музејот „Мадам Тисо“ ги раздвои восочните фигури на Џоли и Пит

Одлуката на музејот дојде откако актерката Анџелина Џоли поднесе барање за развод

İnci Gündağ  | 21.09.2016 - Обновена : 22.09.2016
Лондон: Музејот „Мадам Тисо“ ги раздвои восочните фигури на Џоли и Пит

London

ЛОНДОН (АА) - Откако актерката Анџелина Џоли поднесе барање за развод од актерот Бред Пит, нивните восочни фигури изложени во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон не стојат веќе заедно, јавува Anadolu Agency (AA).

Музејот и на социјалната мрежа Твитер потврди дека фигурите на Анџелина Џоли и Бред Пит се раздвоени.Сега восочната фигура на Анџелина Џоли се наоѓа до восочната фигура на Никол Кидман, а восочната фигура на Бред Пит се наоѓа веднаш до фигурата на Морган Фримен.

Двојката Џоли–Пит по десетгодишна врска се венчаа во 2014 година и имаат шест деца.

Во музејот „Мадам Тисо“ се изложени восочни фигури на познати личности, меѓу кои и на кралицата Елизабета Втора, пејачката Мадона, фудбалерот Дејвид Бекам и многу други.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın