живот

Мјанмар: Смртна казна за маж кој убил деца „истерувајќи го ѓаволот“

Официјалните лица наведуваат дека Наинг е осуден на смртна казна, но постои можност таа да биде заменета со 20-годишна затворска казна бидејќи во оваа земја веќе одамна не се извршуваат смртни казни

Ekipa  | 20.06.2017 - Обновена : 20.06.2017
Мјанмар: Смртна казна за маж кој убил деца „истерувајќи го ѓаволот“

Yangon

ЈАНГОН (АА) - Тун Наинг (30) е осуден на смртна казна поради убиство на три деца во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).

Децата им подлегнале на повредите по извршениот егзорцизам. Наинг ги призна убиствата и осуден е на смртна казна. Полициските службеници наведоа дека децата на возраст од осум месеци, две и три години се убиени во градот Танхлин. Наинг со удирање се обидел да го истера ѓаволот од нив.

Официјалните лица наведуваат дека Наинг е осуден на смртна казна, но постои можност таа да биде заменета со 20-годишна затворска казна бидејќи во оваа земја веќе одамна не се извршуваат смртни казни.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.