живот

Необично пријателство на човек и штрк на езерото во Бурса

„Бев изненаден кога штркот прв пат слета на мојот чамец, помислев дека е гладен и му дадов да јаде, па дури не помислив дека станавме пријатели", рече Јилмаз

Ahmet Sait Akçay  | 16.07.2017 - Обновена : 17.07.2017
Необично пријателство на човек и штрк на езерото во Бурса

Ankara

БУРСА (АА) - Многу луѓе во светот веруваат дека штрковите носат среќа, а со тоа се согласува и стариот турски рибар Адем Јилмаз кој негува едно необично пријателство со оваа птица, јавува Anadolu Agency (AA).

Рибарот Јилмаз е еден од најстарите рибари на езерото Улуабат во Бурса, а шест години негува блиско пријателство со белиот штрк тој брзо му се враќа од југ по завршувањето на преселбата на штрковите.

„Ова место е познато како село на белите штркови, а со една таква птица се дружам во изминатите шест години. Секое утро доаѓа на мојот чамец за да ја нахранам и ме следи во текот на денот на езерото. Бев изненаден кога штркот за прв пат слета на мојот чамец, помислив дека е гладен и му дадов да јаде, па дури не помислив дека станавме пријатели ", рече Јилмаз, додавајќи дека неговиот штрк е меѓу првите што се враќа од југ по завршувањето на преселбата на птица.

Истакнувајќи дека штрковите после шест месеци остатокот од годината го поминуваат на југ, Јилмаз рече дека неговиот штрк е меѓу првите што се враќа по завршувањето преселбата.

„По неговото враќање тој ме наоѓа каде и да се наоѓа мојот чамец на езерото. Во јатото секогаш се околу 50 штркови, но само мојот штрк застанува на чамецот. Јас го засакав а гледам дека и тој ме сака мене", рече Јилмаз.

Јилмаз потсети дека во една прилика уште еден штрк слета на неговиот чамец, но дека неговиот пријател љубоморно реагирал и го избркал.

Нагласувајќи дека штрковите се убави, драги и емотивни птици, Јилмаз рече дека на неговиот пријател му го дал името Јарен, што преведено од турски јазик значи близок пријател.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın