живот

Нов Зеланд: Родено бебе тешко 7,39 килограми

Бебето е долго 37 сантиметри, и има дупло поголема тежина од нормалната. Од болницата е потврдено дека мајката и детето се добри

Recep Şakar  | 10.05.2017 - Обновена : 11.05.2017
Нов Зеланд: Родено бебе тешко 7,39 килограми

Melburn

МЕЛБУРН (АА) - Во Нов Зеланд родено е бебе тешко 7,39 килограми, а се претпоставува дека е најтешкото родено бебе во оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што јави Радио Нов Зеланд, мајката, чиј идентитет не е откриен, од градот Лоуер Хут (Lower Hutt), се породила во болница во Велингтон и на светот донела дете тешко 7,39 килограми.

Наведено е исто така дека не постојат информации дека во оваа земја претходно е родено бебе со поголема тежина.

Породувањето е извршено со царски рез и траеше повеќе од три часа. Бебето е долго 57 сантиметри, и има дупло поголема тежина од нормалната. Од болницата е потврдено дека мајката и детето се добри.

Најтешкото бебе во Нов Зеланд е втор син во семејството, а наведено е дека првото бебе било тешко 5,4 килограми.

Таткото на детето изјави дека неговите пријатели веќе прокоментирале дека неговиот син ќе биде наследник на Џона Лому, еден од најпознатите и најдобрите новозеландски играчи на рагби.

„Луѓето мислат дека мојот син ќе биде наследник на Џона Лому, ние сепак веруваме дека ќе биде пијанист”, истакна гордиот татко.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın