живот, Балкан

Обука за работа со деца и млади во социјален ризик

Обуката за работа со деца и млади во социјален ризик е поддржана од ЕУ, а наменета е за експерти и практичари од државните институции и граѓански организации од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина

Ivana Ramadanova  | 18.10.2017 - Обновена : 19.10.2017
Обука за работа со деца и млади во социјален ризик Ivana Ramadanova/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, заедно со партнерски организации од регионот и од Европа, здружени во Мрежата за зајакнување на деца и млади во ризик спроведуваат обука за состојбата и политиките поврзани со деца и млади во социјален ризик во Македонија и на Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).

Ивица Цековски од здружението ХОПС истакна дека истражувањето се фокусира на заштита на правата, основните принципи за работа и на стандардите за обезбедување социјална и здравствена заштита за деца и млади кои употребуваат дроги, кои се во конфликт со законите, доаѓаат од семејства каде што се употребуваат дроги или се во конфликт со законите, живеат на улица, се без родителска грижа, како и деца и млади Роми.

„Ова е во рамките на проектот поддржан од ЕУ, којшто го спроведуваме со шест организации и здруженија од Косово, Албанија, Србија и од Босна и Херцеговина. Ова се само дел од активностите. Започнавме со реализација на проектот мината година и преку него сакаме да ги изградиме капацитетите на граѓанските организации и на институциите за работа со деца и млади во ризик, но и да промовираме одржливи систематски решенија за овие деца и млади во сите земји во регионот“, рече Цековски.

Маријана Крсмановиќ од здружението „Јувентас“ од Црна Гора, истакна дека проектот е спроведен во рамките на меѓународниот проект „Социјално зајакнување на младите во ризик“, којшто се спроведува во државите од Западен Балкан.

„Една од основните цели на проектот е обезбедување соодветна поддршка на младите во ризик кој не се препознаени во самите земји од страна на институциите“, изјави Крсмановиќ.

Обуката за работа со деца и млади во социјален ризик е поддржана од ЕУ, а наменета е за експерти и практичари од државните институции и граѓанските организации од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın