живот

Од Индискиот Океан спасен слон на 16 километри од брегот

Слоновите со помош на својата сурла можат долго да нуркаат, а во неа можат да соберат 14 литри вода, која потоа ја префрлаат во устата.

Alma Çekovic  | 13.07.2017 - Обновена : 13.07.2017
Од Индискиот Океан спасен слон на 16 километри од брегот

Kokilai

KOКИЛАИ (АА) - Припадниците на морнарицата на Шри Ланка спасија слон од Индискиот Океан, кој отпливал 16 километри североисточно од брегот, соопштија властите на островската држава, пренесува Anadolu Agency (AA).

Водената струја константно го оддлечувала слонот од брегот, а потоа тој беше забележан од страна на патролен брод.

Официјалните лица соопштија дека во спасувањето бил вклучен уште еден брод на морнарицата.

Авинаш Кришан, еден од истражувачите, изјави дека слоновите се добри пливачи и дека пливањето 15 километри од брегот не е невообичаено за нив, но додаде дека интервенцијата на морнарицата веројатно била потребна.

„Тие не можат да пливаат долго време, бидејќи трошат голема количина енергија. Ниту солта не е добра за нивната кожа. Оваа ситуација очигледно бараше интервенција“, вели Кришнар, пренесува „Guardian“ (Гардијан).

Тој посочи дека азиските слонови постојано влегуваат во водите, но обично поминуваат помала далечина.

Слоновите со помош на својата сурла можат долго да нуркаат, а во неа можат да соберат 14 литри вода, која потоа ја префрлаат во устата.

Генетски се сродни со ламантините и дугонгите, морски цицачи од редот на морски крави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın