живот

Отворена 12. манифестација „Денови на македонскиот мед“

Манифестацијата чиј домаќин е општина Центар, официјално за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој истакна дека оваа манифестација е од големо значење за градот Скопје

Ivana Ramadanova  | 22.09.2016 - Обновена : 27.09.2016
Отворена 12. манифестација „Денови на македонскиот мед“ (Senada Ibraimova - Anadolu Agency AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денеска на улицата „Македонија“ во општина Центар, Скопје, официјално беше отворена 12. манифестација по ред „Денови на македонскиот мед“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во склоп на манифестацијата беа изложени повеќе видови мед и пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а главен организатор е пчеларското здружение „Матица“ од Скопје. Посетителите кои ќе ги посетат штандовите со мед ќе имаат можност за директни контакти со пчеларите и можат да добијат совети како да се препознае квалитетен мед.

Манифестацијата чиј домаќин е општина Центар, официјално за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој истакна дека оваа манифестација е од големо значење за градот Скопје.

Андреј Жерновски   (Senada Ibraimova - Anadolu Agency AA)

„Ова е голема и сериозна манифестација, сега веќе и традиционална, 12. по ред. Општина Центар секогаш ќе биде тука за да помогне, затоа што сите ние тука треба многу повеќе да го користиме медот за да бидеме многу поздрави“, изјави Жерновски пред присутните. 

На отворањето на манифестацијата учествуваа и најмалите од трите градинки од општина Центар, а традиционално е предвидена дегустација за амбасадорите во државата и избор на највкусен мед.

Во Македонија има над 8.000 пчелари со повеќе од 260.000 пчелни семејства. Годинава, според сознанијата на Пчеларската федерација, просекот на добиен мед е многу слаб, со само 1,8 килограми од презимено пчелно семејство и 7,3 килограми од селидбено пчеларење. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın