живот

Патот на кафето: Од мали плантажи со кафе во Етиопија до скапа шолја „Старбакс”

Во Етиопија 15 милиони фармери произведуваат 290.000 тона кафе годишно, што ја прави таа африканска земја петти произведувач на кафе во светот, веднаш по Бразил, Виетнам, Колумбија и Индонезија.

Seleshi Tessema Mulata  | 21.01.2017 - Обновена : 22.01.2017
Патот на кафето: Од мали плантажи со кафе во Етиопија до скапа шолја „Старбакс”

Ethiopia

АДИС АБАБА (АА) - Кога наутро, попладне и навечер пие кафе, ретко кој од повеќе од милион луѓе ширум светот знае дека тој единствен црн напиток потекнува од источна Африка, од сиромашната Етиопија, пишува Anadolu Agency (AA).

Во таа земја милиони фармери секојдневно работат на одгледување, преработка и производство на кафе кое за нив е борба за егзистенција.

Додека еден килограм зрно кафе етиопјанските фармери го продаваат за дури три долари, на истиот килограм трговците заработуваат најмалку 200 долари.

Во Етиопија 15 милиони фармери произведуваат 290.000 тона кафе годишно, што ја прави таа африканска земја петти произведувач на кафе во светот, веднаш по Бразил, Виетнам, Колумбија и Индонезија.

Речиси 95 отсто кафе во Етиопија произведуваат таканаречените „мали” , самостални фармери, како што е и 68 годишниот Селкама Кемисе.

Токму неговото кафе, Арабика, одгледувано на фармата во малото градче Шебедино Вореда, завршува во шолјите на најголемиот продажбен ланец на светот „Старбакс ”, кој шољата на истото кафе ја наплатува од шест до 10 долари, тврди Кемисе.

Се верува дека кафето Арабика е најквалитетен вид на кафе во светот, а дека неговото одгледување доминира на светските плантажи а чини околу 80 отсто од вкупното светско производство.

Исто така се верува дека кафето Арабика било прв вид на кафе кое луѓето почнале да го одгледуваат пред повеќе од илјада години.

Арабика во Етиопија се смета за автономен вид, а на неговото потполно созревање се чека седум години. За тоа време, како објаснува Кемисе, неговото стебло се сече и се скратува додека не достигне висина од пет метри.

Едно дрво на Арабика во просек „ раѓа” од еден до три килограми плодови, а секое негово зрно содржи во себе две половини на кафе. Само во првиот процес на сушење на кафето, зрната губат околу 12 отсто од својата маса.

„Фармата ја водам веќе 30 години. Овие стебленца на кафе за нас се стебленца на живот и единствен извор на приход, со генерации”, вели Кемисе.

Неговата фарма која вработува 20 работници, годишно набира околу 6.000 килограми, поточно 6,6 тона зрно кафе. Сите работници дневно заработуваат по еден долар и еден оброк.

Откако ќе ги исплати работниците и другите трошоци, Кемисе се надева дека може да заработи околу 23.5000 долари, односно четири долари по еден килограм кафе.

Тој додава дека тоа претставува малку за целиот негов труд и трудот на неговите работници.

„ Со децении се влошува се: големите посредници и трговци во светот се збогатуваат, додека ние се одиме во амбис и тонеме во сиромаштија”, додава Кемисе.

Неговите работници работат на плантажи под отворено небо на високи температури, бидејќи климата е тропска.

Мулти-милионскиот бизнис на производство на кафе во Етиопија се состои од 31 отсто од странските валути на таа земја.

Портпаролот на министерството за трговија, Шимелес Арега, тврди дека за 12 месеци годишно Етиопија извозува 2.016.654 тона кафе со кое добива 879.6 долари. Арега додава дека верува оти тој извоз може да биде двојно поголем во наредните години.

Освен Арабика, кој е автономен вид на Етиопија, оваа земја извозува уште два квалитетни глобално признати видови на кафе: Јиргачефе и Харар.

Централната пазарна институција „Commodity Exchange” (ECX) основана во 2008 година ја одредува цената за сите видови на кафе во земјата. Тврдат дека цените се базираат врз основа на пазарите во Њујорк.

ECX има договори со 34 земји на светот и илјадници самостојни произведувачи, меѓу кои е и „Старбакс” , кои се обврзаа да ги „штитат правата на брендираните видови на кафе во Етиопија”.

„Старбакс” кој има 23.768 свои претставништва ширум светот, освен по разновидноста на кафето, познат е воглавно и по високите цени на тој црн напиток.

Додека етиопијанските фармери веруваат дека иднината ќе им донесе повеќе права и заработка, Етиопија останува најголем произведувач на кафе на африканскиот континент.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın