живот

Рачна изработка: Справи за вежбање во парк станаа атракција во Москва

Она по што справите за вежбање се разликуваат од останатите е тоа што се направени од предмети и материјали од отпад

Elvir Hociç  | 17.07.2017 - Обновена : 19.07.2017
Рачна изработка: Справи за вежбање во парк станаа атракција во Москва

Russia

МОСКВА (АА) - Вежбалница на отворено, со справи коишто се рачно изработени, е уникатна атракција со којашто веќе пет години може да се пофали паркот „Тимирјазевски“ во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за вежбалница којашто со одобрување од страна на надлежните локални власти, пред пет години ја осмислија и ја отворија ентузијасти, во средината на паркот, а денес вежбалницата е опремена со голем број справи и опрема за вежбање.

Она по што справите за вежбање се разликуваат од останатите е тоа што се направени од предмети и материјали од отпад, а најчесто тоа се делови од стари автомобили.

Заситени од затворените сали за вежбање, во задушливи простории и со мирис на пот, Русите на почетокот од 90-тите години на минатиот век создадоа и ја популаризираа супкултурата на вежбање во паркови, игралишта и на други отворени простори.

Денес тоа се практикува во целиот свет и се нарекува „street workout“ (улично вежбање), а Русите веќе отидоа чекор понатаму со отворањето на уникатната вежбалница во московскиот парк.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.