живот

Сибирските кучиња, голема атракција во паркот близу центарот на Москва

Номадите од северниот дел на Сибир, на посетителите им ја преставуваат традицијата и начинот на живот во студениот Сибир, а посебна радост доживуваат децата кои имаат можност да се санкаат со санки кои ги влечат сибирските кучиња

Emre Gürkan Abay  | 04.02.2018 - Обновена : 05.02.2018
Сибирските кучиња, голема атракција во паркот близу центарот на Москва Sefa Karacan/AA

Moskva

МОСКВА (АА) - Паркот „Хаски“, недалеку од центарот на Москва, е сé попопуларна туристичка атракција, а посетителите имаат можност да научат многу за животот во оддалечениот Сибир и да се запознаат со сибирските кучиња, јавува Anadolu Agency (AA).

Номадите од северниот дел на Сибир, на посетителите им ја преставуваат традицијата и начинот на живот во студениот Сибир, а посебна радост доживуваат децата кои имаат можност да се санкаат со санки кои ги влечат сибирските кучиња.

Религиозните ритуали, шатори, уникатни техники на лов и риболов, се дел од сибирската традиција што туристите во московскиот парк можат да ја запознаат од прва рака, без да одат на скапи патувања во овој далечен регион.

Кустосот на паркот, Елена Кузмина, за АА истакна дека сибирските кучиња спаѓаат во редот на работни кучиња кои ги сакаат луѓето и дека тоа може да го почувствуваат сите посетители, особено оние кои се помлади.

„Кучињата ги храниме со силна мешавина на храна во која има многу риба. Тие се отпорни на екстремен студ, но можат да се прилагодат и на топли временски услови“, рече Кузмина.

Олит Тевлјанаут, на посетителите им ја претставува традицијата на сибирскиот народ, а за АА истакна дека сите посетители биле изненадени од тешките услови за живот и од културата на овој народ.

Кара Русалиева е една од посетителите на паркот која изјави дека е полна со впечатоци откако ги видела сибирските кучиња и некои сегменти од животот на луѓето во Сибир.

„Јас сум заинтригирана и дефинитивно би сакала да го посетам Сибир, но се плашам од екстремните временски услови во тој регион. Ова е одлична можност да дознаете за културата на регионот“, рече Русалиева.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın