живот

Со тетоважа „Mоите органи се обратно поставени” раскажува несекојдневна реалност

Ѓокмен на своите гради истетовирал „Situs İnvernus Totalis“, на латински, со цел да се знае дека срцето коешто инаку се наоѓа во левиот дел од градите, кај него е обратно поставено, како и сите останати внатрешни органи

Ali Ballı  | 04.09.2017 - Обновена : 05.09.2017
Со тетоважа „Mоите органи се обратно поставени” раскажува несекојдневна реалност (Foto: Ali Ballı)

Muğla

МУГЛА (АА) - Осман Ѓокмен (38) кој живее во Бодрум, град во областа Мугла, по заминувањето во болница поради болки во стомакот дознал дека неговите внатрешни органи се обратно поставени. На градите, на латински истетовирал „Situs İnversus Totalis“, со цел тоа да го знаат лекарите што би го третирале доколку неочекувано му се слоши.

Ѓокмен е одговорно лице во Директоратот за култура и социјални работи во Бодрум и истовремено професионален нуркач. На шеснаесетгодишна возраст почувствувал болки во стомакот, по што заминал на контрола во болница. Откако лекарот му соопштил дека срцето му е на десната страна, Ѓокмен доживеал краткотраен шок. По целото испитување на неговото тело, се дознало дека сите негови внатрешни органи се обратно поставени.

Ѓокмен имал тешкотии својата состојба да им ја објасни на семејството и на околината, а својата необична приказна ја сподели со Anadolu Agency (AA).

Ѓокмен изјави дека и самиот долго време не можел да поверува оти неговите внатрешни органи се обратно поставени. Во почетокот помислувал дека лекарите си поигруваат со него, а по шокот што го доживеал согледувајќи ја реалноста, бил смирен од страна на лекарите, кои го информирале дека сите негови органи работат бесрекорно.

По напуштањето на болницата, за него започнал еден тешок период. Тој вели дека луѓето од неговата околина сѐ уште со недоверба гледаат на изјавата дека неговите внатрешни органи се обратно поставени.

Ѓокмен на своите гради истетовирал „Situs İnvernus Totalis“ , на латински, со цел да се знае дека срцето коешто инаку се наоѓа во левиот дел од градите, кај него е обратно поставено, како и сите останати внатрешни органи.

„Моето семејство успеав да го убедам за мојата состојба само благодарение на документите што им ги покажав. Лекарите ми рекоа дека треба да носам алка, документ или нешто слично поради обратно поставените внатрешни органи. Решението го најдов во тетоважа. Болниците во коишто одам и поради мала болка, долго не можам да ги напуштам. Откако ќе им кажам на лекарите дека моите внатрешни органи се обратно поставени, секојпат минувам низ детална контрола. Се обложувам со оние што не веруваат дека моите внатрешни органи се обратно поставени. Се разбира дека секојпат јас сум тој што добива. Кога ќе заминам на лекарска контрола, над мене се собираат сите што ќе ја дознаат мојата состојба. Го слушнав како лекарот кој ме прегледуваше на своите колеги им се обрати велејќи: 'Колеги дојдете, прегледувам човек чии органи се обратно поставени'. Целата ординација се исполни со лекари и со медицински сестри. Чудно ме гледаат. Тоа се ситуации со коишто често се среќавам“, раскажува Ѓокмен.

- Сопругата мислела дека се шегува

Кога Осман Ѓокмен на својата идна сопруга и кажал за својата состојба, Бурџу Ѓокмен помислила дека тоа е шега и не ја сфатила сериозно неговата изјава.

„Бев многу зачудена. Фала му на Бога што е здрав“, рече Бурџу Ѓокмен кога години подоцна увидела дека тоа што ѝ го рекол Осман е вистина.

Д-р Елиф Атаман, специјалист за итна медицина, вработена во една приватна клиника во Бодрум, нѐ информираше дека внатрешните органи на Осман Ѓокмен се обратно поставени во однос на средишната оска на симетрија на човечкото тело.

Д-р Атаман истакнува дека состојбата на сосема обратно поставени органи ретко се сретнува.

„Некои луѓе можат да го живеат сиот свој живот без да знаат дека нивните внатрешни органи се обратно поставени. За состојбата дознаваат откако ќе појдат на лекарска контрола во болница“, вели таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın