живот

Турција: Брачен пар вдомува повеќе од 450 кучиња

Брачниот пар Фахир и Зекије Таш Коклу од Анкара, пред девет години изградија азил за животни во којшто сега престојуваат 450 кучиња. Трошоците за одржување на азилот за неколку стотици кучиња се покриваат со донации од луѓе

Sefa Şahin  | 04.10.2017 - Обновена : 05.10.2017
Турција: Брачен пар вдомува повеќе од 450 кучиња ( Foto: Binnur Ege Gürün/AA)

Ankara

АНКАРА (AA) - СЕФА ШАХИН -

Брачниот пар Фахир и Зекије Таш Коклу од Анкара, пред девет години изградија азил за животни во којшто сега престојуваат 450 кучиња. Трошоците за одржување на азилот за неколку стотици кучиња се покриваат со донации од луѓе.

Двојката пред неколку години почна да им помага на кучињата повредени во сообраќајни несреќи, да ги водат на ветеринар, но им помагаа и на други животни на улица.

Откако им беше кажано дeка не можат да ги задржат 12-те кучиња на клиниката и дека мораат да ги однесат, тие решија на површина од три илјади квадратни метри да направат азил за кучиња.

Во тој период, бројот на животните порасна на 60, а азилот стана тесен за новите станари. Во текот на трите години брачниот пар се грижеше за 180 кучиња, а денес, во проширениот азил згрижуваат 450 кучиња.

Претседателката на Здружението за спасување животни, Зекије Таш Коклу, рече дека здружението е оформено во 2011 година заради заштита на животните и со цел да се спречи насилство врз нив.

Според зборовите на Коклу, возачите не се внимателни во сообраќајот, поради што често страдаат кучињата.

„На новиот простор во населбата Додурга дојдовме со 180 животни, а денес ги има повеќе од 450“, појасни Коклу.

Тој вели дека пет згрижени кучиња не можат да одат, 20 од нив немаат една нога, а 12 се слепи, поради што е потребна дополнителна грижа за нив.

„Ние тука не сме вработени и не примаме плата. Имаме донатори и волонтери кои ни овозможуваат материјална поддршка. Со сопругата за време на викендот ги посетуваме кафезите, а доколку имаме посетители, и нив ги водиме во обиколка“, додава Коклу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın