живот

Турција: Веќе 25 години живее во хотел стар 112 години

„Тука има спокојство, луѓето се спокојни. Овде има уште седуммина кои како мене престојуваат на подолг период. Ние сме семејство. Воопшто не сум осамен“

Tezcan Ekizler  | 13.02.2017 - Обновена : 13.02.2017
Турција: Веќе 25 години живее во хотел стар 112 години

Izmir

ИЗМИР (АА) - Ихсан Аднан Ерџан (60) цели 25 години живее во хотелот „Јени Сукан“ во Измир, западна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Хотелот е отворен пред 112 години и е еден од симболите на градот. Во него отседнуваат гости на пократок временски период, а има и такви кои мислат дека животот во хотел е подобар отколку животот на друго место.

Ерџан, еден од редовните гости, ниту замислувал дека по расправата со неговата сопруга, хотелот во кој претстојувал привремено ќе стане неговиот дом.

Тој подоцна се развел од сопругата, а неа и трите деца ги нема видено со години.

За АА Ерџан изјави дека животот во хотел нуди поголемо задоволство отколку во куќа, и додава дека двапати се обидел да си најде нов дом, но дека не успеал во тоа.

Тој истакна дека првиот пат не можел да се согласи со сопственикот, а вториот пат неговиот цимер ја напуштил куќата без да ги плати сметките.

„Откако исчезна цимерот, кој не ги плати киријата и сметките, се вратив во хотелот ‘Јени Скуран’ и одлучив дека веќе нема да заминам. Веќе 25 години живеам во истата соба“, рече Ерџан, кој додаде дека сега не може да замисли поинаков живот.

Тој вели дека добива пензија од 1.300 лири (околу 330 евра), а дека 900 лири (околу 230 евра), плаќа за сместувањето во хотелот, каде што не плаќа ниту кирија ниту сметки.

Тука има спокојство, луѓето се спокојни. Овде има уште седуммина кои како мене престојуваат на подолг период. Ние сме семејство. Воопшто не сум осамен, вели Ихсан Аднан Ерџан.

Тој додава дека не размислува за сместување во дом за старци, бидејќи во хотелот секое утро појадува, оди на прошетка или во собата гледа телевизија.

Неговиот најголем страв е дека хотелот ќе биде затворен, бидејќи сопственикот донел одлука историскиот хотел да прима гости до 2018 година, а не се знае што ќе се случи потоа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.