живот

Финска ќе произведува леб направен од инсекти

„Финците се познати по тоа што се подготвени да пробуваат нови работи. Според истражувањето на „Fazer“, добриот вкус и свежината се главни критериуми за купување леб“, рече Хелстром

Ekipa  | 23.11.2017 - Обновена : 24.11.2017
Финска ќе произведува леб направен од инсекти Фото: Илустрација

Copenhagen

КОПЕНХАГЕН (АА) - Една од најголемите фински компании за прехранбени производи во продажба ќе пушти леб за којшто се вели дека е направен од инсекти, пренесува Anadolu Agency (AA).

Маркус Хелстром, претседател на пекарскиот оддел на групацијата „Fazer“ (Фејзер), вели дека една векна содржи седумдесетина исушени домашни скакулци, кои се измелени во прав и помешани со брашно.

Хелстром додава дека скакулците сочинуваат околу три проценти од вкупната тежина на лебот.

„Финците се познати по тоа што се подготвени да пробуваат нови работи. Според истражувањето на „Fazer“, добриот вкус и свежината се главни критериуми за купување леб“, рече Хелстром.

Тој истакна дека финското законодавство претрпе промени од 1 ноември, за да се дозволи продажбата на инсекти за прехранбени цели.

Првата серија леб од скакулци ќе биде пуштена во најголемите фински градови в петок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın