живот

Халит Шенер една година по ранувањето на 15. јули: Сѐ би повторил

Една година по ранувањето, опоравувањето на Шенер и понатаму трае, но како што раскажа за новинарот на АА, сѐ што сторил пред една година, без размислување би го повторил, без оглед на тоа дали би бил ранет или би загинал

Abdullah Doğan, Engin Özekinci  | 13.07.2017 - Обновена : 13.07.2017
Халит Шенер една година по ранувањето на 15. јули: Сѐ би повторил

Konya

КОЊА (АА) - Халит Шенер, 29-годишниот работник во градежна фирма во Коња беше тешко ранет во обидот за пуч што припадниците на терористичката организација ФЕТО се обидоа да го извршат на 15. јули минатата година во Турција.

Една година по ранувањето, неговото опоравување и понатаму трае, но како што раскажа во разговор за Anadolu Agency (AA), сѐ што сторил пред една година, без размислување би го повторил, без оглед на тоа дали би бил ранет или би загинал.

Во ноќта на 15. јули, Халит со пријателите излегол на улиците на градот Коња, но бидејќи немало поголеми воени активности во тој дел од ноќта, со пријателите одлучил да оди во Анкара.

Како што изјави тој, на сопругата која била во петтиот месец од бременоста ѝ се јавил и ѝ рекол дека ќе се врати брзо.

Во Анкара тие им се придружија на илјадниците граѓани кои беа пред Генералштабот на турските вооружени сили, спротивставувајќи им се на терористите во воени униформи. Во обид да ги убеди војниците да ги пуштат граѓаните во комплексот на Генералштабот, се присетува тој, ранет е во левата нога.

„Почнав да се влечам настрана, а кога погледнав во ногата, видов обилно крварење. Луѓето околу мене ме носеа до возилото, па ме одведоа во болница. Ги молев да не се јавуваат на моето семејство“, се присети Шенер.

Кога слушнал што се случило, неговиот татко доживеал мозочен удар и за неполн месец и двајцата се опоравувале на истиот оддел во болницата во Анкара.

„Народот не дозволи државниот удар да успее. Успеаја во Египет, но не и во Турција. Кога денес ќе ги согледаме работите, можеме да кажеме дека Турција е едно од последните упоришта на исламот. Народот не дозволи тоа упориште да падне. Мислам дека по сето она што се случи, веќе никој нема да се осмели на обид за државен удар. Но кога би се случило нешто слично, без размислување би отишол повторно. Во секое зло има и нешто добро. Во ова зло, ја зајакнавме нашата самодоверба“, изјави Шенер.

Припадниците на терористичката организација ФЕТО предводена од Фетула Ѓулен, инфилтрирани во безбедносните сили на Турција, ноќта на 15 јули се обидоа да извршат државен удар, при што загинаа 250, а беа ранети повеќе од 2.000 лица. Со излегувањето на илјадници граѓани на улиците во градовите ширум Турција, обидот за пуч беше спречен. Турските официјални лица во периодот што следуваше предупредија голем број земји во светот за опасноста од терористичката организација ФЕТО, која дејствува во целиот свет, воглавно преку образовни институции и преку злоупотреба на верските чувства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın