живот

Црна Гора: Секоја втора општина има негативен природен прираст

Подгорица е град во кој највеќе се доселува населението. Во првите пет месеци во главниот град на Црна Гора доселиле 1.068 жители, во истиот период од главниот град на Црна Гора се иселиле 430 лица

Adel Ömeragiç  | 20.08.2016 - Обновена : 21.08.2016
Црна Гора: Секоја втора општина има негативен природен прираст

Montenegro

ПОДГОРИЦА (AA) - Од вкупно 23 општини, колку што ги има во Црна Гора, во 11 општини луѓето повеќе умираат отколку што се раѓаат. По негативниот природен прираст први се општините од северот на државата, а најалармантна е состојбата во Пљeвље. Социолозите оценуваат дека причините за пад на демографскиот тренд на северот се недостаток на работа, лошите општествено-економски односи, како и гасење на образовните институции, јавува Anadolu Agency (AA).

Од година во година северот на Црна Гора е се повеќе попразен. Луѓето заминуваат кон Подгорица и југот на Црна Гора, а не е мал ниту бројот на оние кои заминуваат кон трети земји. Резултатот на се помасовните заминувања е негативниот природен прираст во дури половина општини во Црна Гора, доминантно на северот.

- Северот празен, луѓето се доселуваат во Подгорица

Во првите пет месеци од 2016 година, 11 општини имаа негативен природен прираст и повеќето се од северот. Прва е Пљевља, каде со години наназад умираат повеќе луѓе отколку што се раѓаат. Во првите пет месеци во Пљевља се родија 79 деца, а во истиот период починаа 190 жители од овој град, што е природен прираст минус 111. По Пљевља, најголем негативен природен прираст е регистриран во Никшиќ- минус 70, во Херцег Нови- 34, Цетиње- 28, Колашин- 25, Жабљак- 19, Плужина- 18, Мојковац- 16, Даниловград- 15, Шавник- 14 и Бијело Поље- 12. Од приморските општини, негативен природен прираст забилежен е единствено во Херцег Нови.

Од градовите на северот на Црна Гора, Рожаје, Беране, Гусиње, Плав и Адријевица имаат позитивен природен прираст. Најголем природен прираст имаат Подгорица (363), Рожаје (91), Будва и Бар (30).

Подгорица е град во кој највеќе се доселува населението. Во првите пет месеци во главниот град на Црна Гора доселиле 1.068 жители, во истиот период од главниот град на Црна Гора се иселиле 430 лица.

Најголема разлика помеѓу бројот на доселени и отселени е регистрирана во Бијело Поље. Од тој град се иселија 301 жител, а се доселиле 108. На второ место е Пљевља, која ја напустиле 150 жители во првите пет месеци а се доселиле 47.

- Повеќе затворени куќи отколку домаќинства -

Социологот Срѓан Вукадиновиќ во разговор за Anadolu Agency, истакнува дека луѓето од северот одат кон Подгорица или кон другите земји. Напоменува дека има неколку причини зошто се забележува негативен природен прираст.

„Ние денес во некои општини имаме повеќе куќи кои се затворени, отколку што имаме домаќинства. Стапката на прираст е намалена, таа на северот на државата се намалува многу повеќе во однос на остатокот на земјата. Се проценува дека Црна Гора до 2050 година ќе загуби еден град, дека ќе има десет отсто помалку население. Намалената стапка на прираст е присутна од повеќе причини. Кризата на бракот како институција, лошите општествено-економски услови, можноста за вработување, но кога север е во прашање, тоа е резултат на лошиот однос кон северот, затворање на претпријатија и образовните институции. Всушност, видовме дека факултетот во Пљевља се затвори, нешто слично се размислува и за Беране и Бијело Поље", вели Вукадиновиќ.

Истакнува дека не постојат образовни институции кои ќе ги остават младите луѓе во тие градови, тогаш не може да се очекува некоја значителна стапка на прираст.

Податоците за 2015 година покажуваат дека кога е во прашање целокупната територија на Црна Гора, родени се 7.386 деца, додека во 2015 година 6.329 луѓе починале. Сепак, според проекциите на Обединетите нации (UN), Црна Гора до 2050 година ќе има околу 52.000 жители помалку, односно околу 8 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.