Швајцарија: Лозана е град на науката и на МОК на брегот на Леманското Езеро
Лозана е швајцарски град на Леманското Езеро, којшто со својата убавина и туристичката понуда има голем потенцијал да се најде на самиот врв од листата на најатрактивни европски дестинации
Lozana
ЛОЗАНА (АА) - Лозана е швајцарски град на Леманското Езеро, којшто со својата убавина и туристичката понуда има голем потенцијал да се најде на самиот врв од листата на најатрактивни европски дестинации, но се чини дека затоа Швајцарците љубоморно го чуваат за себе, пишува Anadolu Agency (AA).
Швајцарците вообичаено важат за среќни луѓе затоа што се родени во земја со уникатна природна убавина, раскошен стандард и вечен мир, а им недостасува само море. Меѓутоа, и тие имаат своја швајцарска ривиера. Така го нарекуваат брегот на Леманското Езеро, на чијшто брег, во сенката на „госпоѓа“ Женева е сместена и Лозана, град на науката и универзитетите, и центар на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Леманското, или Женевско Езеро, е најголемото алпско езеро во Европа, познато по Вевеј и Монтро, луксузни летувалишта за високата класа. Но магија не ѝ недостасува ниту на Лозана, седиште на кантонот Вауд.
Меѓу значајните објекти во Лозана е дворецот Уши, местото каде што силите на Антантата и Турција, на денешен ден во 1923 година потпишаа договор, т.н. Договор од Лозана, со којшто се утврдени границите на Република Турција. Денес замокот се користи како хотел.
Со единствен шарм, брегот на Ламанското Езеро веќе осум века го краси и Лозанската катедрала, изградена во готски стил.
Пазарот Палуд, Чешмата на правдата и висечкиот мост се уште некои од повпечатливите зданија во Лозана, а секако треба да се спомене и палатата Румине, која денес е универзитетска библиотека и музеј.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.