Јапонија: Жена почина од ретка болест откако ја каснала мачка
Една жена во Јапонија, минатата година почина од болест што ја пренесуваат крлежите, а ја добила откако била касната од мачка, соопшти јапонското Министерство за здравство
Tokio
ТОКИО (АА) - Една жена во Јапонија, минатата година почина од болест што ја пренесуваат крлежите, а ја добила откако била касната од мачка, соопшти јапонското Министерство за здравство, наведувајќи дека случајот се смета за прв каде што болеста е преносена на човечко суштество од друг цицач, пренесува Anadolu Agency (AA).
„BBC“ (Би-би-си) пишува дека педесетгодишната жена била заразена откако била касната од улична мачка на којашто се обидела да ѝ помогне.
Десет дена подоцна, таа починала од тешка треска со симптоми на тромбоцитопенија, која се пренесува преку крлежи.
Бидејќи на телото на жената не било откриено каснување од крлеж, лекарите веруваат дека болеста била пренесена од мачката.
„Досега нема ниту еден случај на пренесување на болеста од животно на човек.
Сѐ уште не е потврдено дека вирусот бил пренесен од мачка, но можно е ова да е прв случај“, истакнаа од јапонското Министерство за здравство.
Тешката треска со симптоми на тромбоцитопенија (недостаток на тромбоцити) е релативно нова пренослива болест којашто се појави во Кина, Јужна Кореја и во Јапонија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.