свет, култура и уметност

„Супер Марио“ станува анимиран филм

Јапонската компанија за видеоигри, „Nintendo“ (Нинтендо), се подготвува да сними анимиран филм за 32 години старата видеоигра „Супер Марио“

Fuat Kabakçı  | 15.11.2017 - Обновена : 16.11.2017
„Супер Марио“ станува анимиран филм

Tokio

ТОКИО (АА) - Јапонската компанија за видеоигри, „Nintendo“ (Нинтендо), се подготвува да сними анимиран филм за 32 години старата видеоигра „Супер Марио“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Kyodo“ (Кјодо), којашто се темели на веста објавена во „Wall Street Journal“ (Волстрит журнал), јапонската компанија за видеоигри е во контакт и во процес на преговори за постигнување договор со американската филмска продукција „Illumination Entertainment“ (Илуминејшн ентертејнмент), продуцент на анимираните филмови „Minions“ (Миниони) и „The Secret Life of Pets“ (Тајниот живот на миленичињата).

Во видеоиграта „Супер Марио“, браќата Марио и Луиџи се обидуваат да ја спасат принцезата којашто е заробена во затвор во кралството на печурките.

Видеоиграта на „Nintendo“ најпрво во 1983 година се појави под името „Mario Bros“ (Марио брос), а потоа во 1985 година го смени името во „Super Mario Bros“ (Супер Марио брос). Оваа игра прво беше претставена на пазарот во Јапонија и во Северна Америка, а потоа во Европа и во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın